Безбедносни функции

Безбедноста не мора да предизвикува стрес.

Во денешно време, во сообраќајот е потребна многу поголема внимателност од порано. Поради тоа, SEAT Ateca располага со најмодерните безбедносни функции, за ти да можеш да се сконцентрираш на она што е важно.

Pre Crash систем за помош

Секогаш будна.

Pre Crash системот за помош ги предвидува потенцијалните судири и реагира на нив со тоа што ги затегнува сигурносните појаси и ги затвора прозорците.

Систем за предупредување за растојанието «Front Assist»

Сосема смирено.

Секогаш на безбедно растојание. Системот за предупредување за растојанието ги препознава возилата пред тебе и те предупредува со тон за напомена или со сигнален приказ. 

Adaptive Cruise Control (ACC)

Секогаш совршено во тековниот сообраќај.

Во комбинација со системот за навигација, овој систем ги препознава ограничувањата на брзината и соодветно на тоа ја прилагодува твојата брзина, додека истовремено се грижи и за безбедно растојание од другите учесници во сообраќајот.

Систем за помош при возењето «Travel Assist»

Полусамостојно возење.

Секогаш и сè под контрола. Travel Assist ги обединува ACC и Lane Assist само со притискање на копче. Освен тоа, системот те предупредува доколку утврди дека дланките не ти се на воланот.

Систем за помош при одржување на коловозната лента «Lane Assist»

Те одржува на лентата.

Ги перципира ознаките на коловозот и те одржува на лентата, додека истовремено ја одржува прегледноста на сообраќајот од спротивната страна.

Систем за помош во итен случај «Emergency Assist»

Најдобриот пријател на секој возач.

Ако возачот повеќе не реагира, системот за помош во итен случај го запира возилото и го предупредува возачот.

Сакаш да дознаеш повеќе за новата SEAT Ateca?