Делови & Додатоци
Делови
SEAT oригинални делови

Квалитет кој се исплаќа

Долговечност и квалитет

SEAT Оригинални делови

Кога се одлучувате за SEAT, Вие истовремено се одлучувате и за најсовремена технологија, долговечност и квалитет. Барање кое се отсликува во сите SEAT оригинални делови. Со употребата на SEAT оригиналните делови, го давате Вашиот најголем можен придонес кон одржувањето на вредноста на Вашиот SEAT. 

Продолжување на животниот век на Вашиот мотор

Дополнување моторно масло

Моторното масло овозможува совршено подмачкување на моторот со намалување на механичкото триење на подвижните делови од моторот. На тој начин, се избегнува абење на металните делови. Висококвалитетните моторни масла се одликуваат со штедлива потрошувачка на гориво и со подолги интервали на менување масло. Тоа овозможува подолг животен век на Вашиот мотор.

Еколошки на пат

AdBlue® технологија

AdBlue® е погонска течност за работа на дизел возилата со технологијата на SCR-катализаторот. Таа ги намалува штетните азотни оксиди во издувните гасови на модерните дизел возила и притоа помага да се исполнат новите строги стандарди за потрошувачка и издувни гасови на Европската Унија.

Совет: Дополнувајте AdBlue® кај Вашиот сервисен партнер. Тоа е брзо, чисто и поволно!

За оптимална безбедност

Сервис на сопирачки

Дисковите за сопирачки се покрај гуртните за сопирачки најсилно оптоварените потрошни делови на уредот за сопирање. Имајте доверба во оригиналниот квалитет на SEAT и во стручното монтирање од страна на нашите обучени специјалисти за SEAT. 

Информации за акумулаторот на возилото

Замена акумулатор за возилото

Штедливиот третман на акумулаторот за возилото го продолжува животниот век и може да ја одложи потребната замена. Притоа, внимавајте на предупредувачките сигнали како слабо светење на фаровите или проблеми при стартувањето на моторот.

Ако моторот не стартува веднаш по активирањето на палењето, причина за тоа може да биде дефектен акумулатор на возилото.

Безбедно во патниот сообраќај

Замена и поправка на ветробрански стакла

90% од сите информации релевантни за безбедноста се примаат за време на возењето преку очите. На тој начин, беспрекорната видливост низ предното стакло активно придонесува кон безбедноста во патниот сообраќај. И покрај тоа што авто стаклото е особено стабилно, ударите од камен можат да предизвикаат штети на авто стаклото. Но, замената на стакло во случај на оштетување не е секогаш неопходна - често пати штетите може едноставно да се поправат. 

Информации за амортизерите

Амортизери Поправка и замена

Оштетените амортизери го зголемуваат ризикот по безбедноста, бидејќи на тој начин се продолжува патот на сопирањето и се намалува стабилноста на возилото. Поради тоа, треба да се заменуваат што е можно поскоро.

SEAT оригиналните амортизери се оптимално прилагодени на Вашето возило и овозможуваат безбедно чувство при возењето.

Проверка на запчестите ремени

Запчести ремени

Запчестите ремени се потрошни делови кои при секој контролен сервис подлежат на проверка и во даден случај мораат да се обновуваат. Со оглед на тоа што запчестите ремени се постојано изложени на огромно оптоварување, на тие делови не треба да се штеди. Бидејќи еден изабен запчест ремен може да доведе до оштетување на моторот.

Информации за оштетувањата на лакот

Оштетувања на лакот

Нерамна улица, невнимание, штети при паркирање: гребнатини на лакот многу често се случуваат.

Брзата поправка не е секогаш важна само од естетски причини. Оштетувањето на лакот може да доведе до корозија или до пообемни поправки на возилото. Дознајте тука за различните видови на оштетувања на лакот и како истите можат да се отстранат на најдобар можен начин.

Информации за осветлувањето на возилото

Осветлување на возилото

Дефектните светилки кај возилото треба веднаш да се заменуваат за да не ја нарушат безбедноста во сообраќајот. Но, која светилка е вистинската?

Кај SEAT оригиналните делови можете да имате доверба дека тие се совршено прилагодени за Вашиот SEAT.