ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 

 SEAT Service® Mobility. Во секое време. Насекаде

SEAT Service® Mobility Ви гарантира комплетен и доверлив опсег на услугите помош на пат на било која локација во Македонија како и сите соседни земји и Европската Унија.

Во случај на неподвижност на вашиот SEAT, што се должи на дефект, несреќа, кражба на возилото или недостаток на гориво, нашата помош на пат ќе биде таму да ви помогне во секое време и насекаде.

Каде и да патувате или било каков проблем да имате, ние ќе се погрижиме за него. 24 часа на ден – 365 дена во годината.

 

 5 години SEAT Service® Mobility

Од моментот кога Вие ќе го купите вашето SEAT возило, Вие ќе уживате во бенефициите на SEAT Service® Mobility и големиот опсег на услуги кои ги обезбедува-и тоа во временски интервал од 5 години. Во првите 2 години од купувањето на возилото, вашиот нов SEAT автоматски е покриен со SEAT Service® Mobility без дополнителни трошоци.

Доколку сакате да продолжите со оваа доверлива услуга, Вие можете да го продолжите SEAT Service® Mobility до 5 години, притоа извршувајќи го секој пропишан сервис на возилото во нашиот овластен SEAT Сервис. Трошокот за секоја дополнителна година ќе ви биде наплатен заедно со трошокот за сервис во нашиот овластен сервис.

Дури и доколку го промените вашиот SEAT, новиот сопственик може да продолжи да ги ужива бенефициите на SEAT Service® Mobility.


 
 Секогаш најдобро решение

Откако еднаш ќе контактирате со нашиот SEAT Service® Mobility помош на пат, ќе ви биде понуден следниот опсег на услуги за да се обезбеди вашата мобилност и за да се задоволат вашите потреби:

Поправка на самото место или доколку тоа не е возможно, одшлепување до најблискиот овластен SEAT сервис. Во случај на сообраќајна несреќа, ние исто така ќе ви обезбедиме поправка на возилото.

Одшлепување до најблискиот овластен SEAT сервис, во случај на дополнување со погрешно гориво или недостаток на гориво.
 
Помош во случај на скршен, изгубен или украден клуч или доколку клучот е заклучен внатре во возилото.

Помош доколку е оштетена бравата од вратата или во случај на погрешен клуч во бравата

Помош за дупнати пневматици, дури и доколку немате резервно тркало.

Транспорт на возилото до SEAT сервисот кој е најблиску до вашиот дом, доколку поправката не може да се изврши во три работни дена на самото место или во најблискиот овластен SEAT сервис (во круг од 50км).


Доколку за поправка во сервисот се потребни повеќе од 2 часа, ние ќе ви понудиме разни алтернативи кои ќе одговорат на вашите потреби:

Заменско Возило, до три календарски денови, додека вашиот SEAT не биде поправен.

Враќање дома или продолжување на патувањето за сите патници во автомобилот (патување со воз 1 класа или авион економска класа) или алтернатива, сместување во хотел со 4 ѕвездички за најмногу до 3 ноќевања, за сите патници во автомобилот, доколку проблемот се случи на повеќе од 50км далечина од вашиот дом.
 

За да го комплетираме вашиот комфор, ние ви ги обезбедуваме следните услуги:

Патување за да го земете вашето поправено возило, од вашиот дом до местото на поправката, за едно лице (патување со воз 1 класа или авион економска класа).

Чување на вашиот SEAT после поправката, до три работни дена.

Такси услуга, најмногу до вредност од 40 €, на пр. за транспорт од/до хотел.

Правна помош, после сообраќајна несреќа и медицинска помош, доколку патувате надвор од државата.

 

 
 Секогаш на ваша страна

SEAT Service® Mobility секогаш е на вашата страна. Во секое време. Насекаде. Со важност од вашиот дом и во секоја земја од Европската Унија, како и сите соседни земји.

Algeria*, Andorra, Austria, Azores, Belgium, Bulgaria, Croatia, Czech Republic, Cyprus, Denmark, Estonia, Finland, France, Germany, Gibraltar, Greece, Hungary, Iceland, Ireland, Italy, Latvia, Liechtenstein, Lithuania, Luxembourg, Madeira, Malta, Monaco, Morocco*, Norway, Poland, Portugal, Romania, San Marino, Slovakia, Slovenia, Spain, Sweden, Switzerland, The Netherlands, Tunisia*, Turkey, United Kingdom, Vatican City.

Да бидете опремени со SEAT Service® Mobility значи дека вие можете да уживате во возењето на вашиот СЕАТ со сигурност, знаејќи дека брза и ефикасна помош на пат се наоѓа на само еден телефонски повик од вас. За подетални информации во врска со SEAT Service® Mobility, ве молиме да се обратите во вашиот овластен сервис.

* услугата може да биде ограничена во овие земји

Ограничени услуги:

Во случај на неподвижност на возилото која се должи на несреќа, обезбедено е само одшлепување до најблискиот SEAT сервис. Поправката ќе биде извршена само доколку е дозволена од законот. Ќе покрие најмогу до 1000 € (без вклучено ДДВ)

Трошоците за горивото, пневматиците и нивната поправка не се вклучени.

Во случај на кражба на возилото, ви ги обезбедуваме следните услуги за сите патници: продолжување на патувањето до крајната дестинација или враќање дома (патување со воз 1 класа или авион економска класа во географската опфатеност со SEAT Service® Mobility) и такси услуга (40€) до најблискиот јавен превоз.

Возила кои се користат за посебна намена ќе добијат потполна SEAT Service® Mobility услуга, додека оние дизајнирани за други намени (како такси и амбулантни возила, авто-школи, возила за изнајмување) ќе добијат намален SEAT Service® Mobility пакет (ограничен со поправка на самото место и одшлепување).