ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 

 РАБОТНО ВРЕМЕ

Приемното одделение на Сервисниот центар со продолженото работно време од 8.00 до 18.00 часот, е подготвено да ги услужи своите клиенти на високо професионално ниво, според стандардите на SEAT. Одличната кадровска екипираност е гаранција за успешно задоволување на барањата на нашите корисници.


 
 Стручен кадар

Нашиот кадар е постојано усовршуван, обучуван за работа на возилата од гамата на SEAT на професионалните курсеви коишто се одржуваат од специјално обучени тренери во SEAT Центарот и на редовните курсеви во техничкиот SEAT тренинг центар во Марторел (Шпанија).

Сервисот за каросерија и боење е дел од сервисниот центар на Т.Д. КА-ДИС, којшто, одлично опремен, функционира според високите стандарди на SEAT.
 

 
 Опремa

Новите техничко-технолошки достигнувања во конструирањето и изработката на возилата со себе повлекуваат и неопходно користење на специјален алат, електронски дијагностички уреди и соодветна техничка литература за одржување на истите.

СЕРВИСНИОТ ЦЕНТАР е опремен со комплетен специјален алат за возилата од програмата на реномираниот шпански производител SEAT и најновите електронски дијагностички уреди.

Дијагностичките уреди за испитување на комплетната електроника на возилото VAG 1551, VAS 5051 и VAS 5052, без чија употреба е незамисливо сервисирање на софистицираните електронски системи.

Дијагностичкиот уред VAS 5052 моментално е најсовремениот апарат за дијагностицирање што ни овозможува брзо и прецизно дијагностицирање на електронските дефекти на возилото.

Сервисниот центар е опремен со дијагностички уреди за сервисирање на клима уредите на SEAT возилата.

HOFMANN 330 е софистициран апарат којшто овозможува максимална прецизност во ласерското мерење и приспособување на геометријата на подвозјето.

Новата опрема за демонтажа, монтажа и балансирање на пневматици ја заокружува комплетната понуда на услуги од сервисниот центар на SEAT.

Сервисниот центар КА-ДИС е снабден со компјутери што се дел од глобалниот иформативен систем на претпријатието. Со нивна помош се изготвуваат брзо и квалитетно потребните формулари за извршената услуга, вградените делови и му се врачуваат на корисникот.

Истите се користат и за следење на одржувањето на возилото од самото купување, при што за секое возило се води историја за извршените сервисирања.