ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 

 Стручен кадар

Нашиот кадар е постојано усовршуван, обучуван за работа на возилата од гамата на SEAT на професионалните курсеви што се одржуваат од специјално обучени тренери во SEAT Центарот и на редовните курсеви во техничкиот SEAT тренинг центар во Марторел (Шпанија).

Сервисот за каросерија и боење е дел од сервисниот центар на Кадис, којшто, одлично опремен, функционира според високите стандарди на SEAT.


 
 Дополнителни услуги

Во SEAT центарот поседуваме и сопствен сервис за миење возила, каде што возилото пред и по поправките се мие. По потреба вршиме и хемиско чистење.

Сервисниот центар, овластен за возилата на SEAT, има склучено договор со сите осигурителни компании во Р. Македонија за поправка на автомобилите. Со цел да им одговориме најбрзо и ефективно на вашите барања и потреби, ви нудиме Помош на патот, SEAT CALL CENTER и можност да го оставите вашето возило во сервисниот центар во секое време.

Штом го одберете КА-ДИС сервисниот центар на SEAT, го одбирате најдоброто за вас и вашето возило.


 
 Опременост

За постигнување највисок квалитет на изработка, на површина од 600м2, располагаме со:

Најнов модел на машина за извлекување од типот CAR-O-LINER MARK 6, за прецизно поправање и приспособување на возилото по поголеми удари, односно деформитети на каросеријата. Додека пак, пункт апаратот на TECNA служи за извлекување на помалите деформитети на возилото.

Двете преткомори BLOWTHERM се зона, односно фаза на подготовка за процесот на бојадисување. Овие преткомори всушност се простории каде што се одржуваат беспрекорни услови според современи стандарди за подготовка на возилата.

Бојата за бојадисување на возилата се нијансира и подготвува компјутерски во MIXING BOX со соодветни филтри за вентилација. Нашиот сервис се грижи за околината и затоа користи еколошки бои и репаративни технологии во автомобилската индустрија.

BLOWTHERM комората за бојадисување на возилата е специјално дизајнирана за бојадисување со новите еколошки бои и лакови, според најсовремена технологија. Со својот беспрекорен квалитет овозможуваат крајниот резултат да биде еднаков на оригиналниот изглед на возилото.