ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 

Производителот на возила SEAT S.A., ES-08040 Barcelona гарантира дека возилото е испорачано во исправна состоба.
Недостатокот кој би можел да се појави за времетраењето на гаранцијата ќе биде отстранет под следните наведени услови:

 Времетраење на гаранцијата

Гаранцијата има времетраење од 2 + 1 години. Почнувајќи од испораката на возилото, без ограничување на поминатите километри.

2 години гаранција се од производителот, а плус 1 година од импортерот КА-ДИС.


 Гаранција на боја

Гаранцијата на боја изнесува 3 години почнувајќи од испораката на возилото,освен за возилото ALHAMBRA се гарантира дека 2 години нема да дојде до оштетување на бојата.

 Гаранција од корозија

Сите модели на SEAT возилата имаат гаранција од корозија 12 години од испораката, односно 6 години кај моделот ALHAMBRA.
 

 Опсег на гаранција

Гаранцијата го опфаќа отстранувањето на недостатоците кои се појавуваат за времетраењето на гаранцијата преку мрежата на овластени сервиси за возилата од марката SEAT, на трошок на производителот односно импортерот со употреба на оригинални резервни делови. Деловите кои се сметаат за потрошен материјал и се подложни на природно абење не можат да бидат предмет на гаранција.

 


 
 Губење гаранција

Гаранцијата не опфаќа отстранување на недостатоците кои се настанaти од:

Причина која делува надворешно од возилото или влијание на надворешна сила

- Неправилна употреба на возилото

Употреба или одржување на возиолото која не е според правилата пропишани од производителот.

Занемарување на редовните сервисни прегледи на возилото во предвидената временска рамка или предвидените поминати километри според планот за одржување на возилото.

Неправилна нега, ненавремено отстранување на дефектот

Нестручно отстранување на претходниот недостаток, оштетување или дефект од страна на неовластен сервис или како последица на вградување на неоригинални делови чиј квалитет не е идентичен со квалитетот на Оригиналните делови, потврден од производителот на деловите.

Како последица на неправилна нега, прекумерно трошење, употреба на возилото во спортска намена и натпреварување во трки.

Како последица на извршени промени врз возилото, а кои не се предвидени или одобрени од производителот.

Како последица на вградување на неоригинални делови кои не се одобрени од страна на производителот (неоригинално радио или алармни уреди, кука за влечење итн.)

Сервисирање во неовластен сервис,независно дали се работи за механичка или лимарска поправка.
 

Гаранцијата во секој случај се губи доколку недостатокот е направен намерно.