ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 

Press release, 29.06.2010


 

ИНТЕРНАЦИОНАЛНАТА ЅВЕЗДА SHAKIRA ЈА ЗАПОЧНУВА ЕВРОПСКАТА ТУРНЕА 2010
ОВОЗМОЖЕНО ОД SEAT
214 Номинации за Интернационални Награди 50 Милиони продадени албуми низ цел свет 1 Фаза
Картите се во продажба од 2ри Јули

Веднаш по одличните настапи за време на Светското Фудбалско Првенство Shakira, една од најуспешните светски изведувачи, со повеќе од 214 номинации за интернациониални награди и продадени повеќе од 50 милиони примероци од нејзините албуми ја започнува Европската Турнеа 2010. Европската Турнеа е организирана од страна на интернационалната компанија Live Nation, а ќе започне на 16ти Ноември во Лион, Франција во La Halle Tony Garnier.

 

Shakira веќе имаше настап во Rock in Rio во Лисабон и беше дел од фестивалот во Мадрид каде што настапи пред 85.000 фанови. Минатиот викенд, на 26ти Јуни имаше настап за време на Glastonbury фестивалот во Англија како и планиран настап на 11ти Јули за време на церемонијата за затварање на FIFA Светското Фудбалско Превенство 2010 година.

 

Доколку не бевте присутни на SEAT тест возењето, имате можност во овластените салони на SEAT да ги пробате моделите Good Stuff и да станете дел од овој проект.

 

Со нејзиниот оригинален настап, сензуален ритам и позитивен дух, Shakira им ветува на своите фанови дека турнеата ќе биде незаборавна и спектакуларна помесетувајќи ги музичките граници.

 

Последниот хит на Shakira е Waka Waka (Овој пат во Африка) официјална песна на Светското Фудбалско Превенство 2010 што го заобиколи целиот свет. Песната е една од најслушаните во изминатиот период и се наоѓа на првата позиција во повеќе од 15 држави, а официјалниот спот е најгледано видео на YouTube за месец Јуни. За време на Европската Турнеа 2010 дел од песните кои ќе ги изведе Shakira се "Waka Waka," "She Wolf," "La Tortura" како и песната "Hips Don't Lie", која беше број 1 на Billboard Hot 100, како и место број еден во повеќе од 55 земји и стана најслушана песна во историјата на US pop радио, исто како и нејзината песна од последниот албум "Sale El Sol" (Fall 2010).

 

Shakira има добиено неколку Grammy награди за изведувач / текстописец, продуцент. Покрај сето тоа, Shakira е дел од хуманитарни и добротворни организации и фондадии - Претседател на Фондацијата Barefoot (Босоноги), фондација која е член / дел од ALAS Фондациите како и амбасадор во 1GOAL и UNICEF.

 

SEAT и Shakira ја започнаа соработката и автомобилскиот производител е официјален и главен спонзор на Европската Турнеа. Со соработката се поврзуваат младешкиот и спортски дух на SEAT со музичкиот талент на Shakira, покрај тоа што Shakira е амбасадор на SEAT за време на Европската Турнеа.

 

Исто така, соработката опфаќа и поддршка од страна на SEAT во хуманитарните акции на Shakira за подобрување на образованите во сиромашните делови во светот. Шпанскиот бренд повторно е дел од Фондацијата Barefoot (Босоноги) – фондација што помага во борбата против сиромаштијата и им овозможува образование на децата на коишто им е потребна.

 

Картите за концертите на Shakira ќе се пуштат во продажба од 2ри Јули, но членовите на Shakira Fan Club ќе имаат еклузивна можност да купуваат карти од 29ти Јули (Вторник) од 10часот по локално време. Дополнителни информации за Европската турнеа се достапни на официјалните web страни: www.shakira.com и на www.livenation.com

назад