ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 

Press release, 27.01.2010

Александро Пасчхалидес е новиот Дикектор во секторот за Маркетинг Комуникција во SEAT, S.A.

Александро Пасчхалидес (50) беше назначен за нов директор во секторот за Маркетинг Комуникација во SEAT и ќе биде во директна комуникација со извршниот Потпретседател за Продажба и Маркетинг во SEAT, Жан-Хенрик Лафрентз.

Пасчхалидес има диплома од отсекот Бизнис администрација на факултетот “Sacred Heart College” во Северна Каролина, САД.

Претходно има работено во компанијата British American Tobacco (BAT), каде што беше на позиција директор за брендот Kent во Лондон. Тој својата кариера во BAT групацијата ја започна во 1999 година каде што беше одговорен и за развој на компанијата во Обединтетите Арапски Емирати како и за маркетингот и продажбата во Венецуела.

Пред тоа, Пасчхалидес има работно искуство од 16 години во неколку компании на позиција – Маркетинг менаџер. Дел од компаниите во кои го има стекнато неговото искуство се: “Cadbury Schweppes“ и “Unilever“ во Шпанија, како и во САД и Холандија.


назад