ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 

Press release, 26.02.2010

SEAT ја започна ‘Good Stuff’ кампањата со Шакира

  • Интернактивен микро сајт со 3D виртуелна анимација е еден од клучните елементи на кампањата
  • Лимитирана едиција на SEAT Ibiza и León Good Stuff
  • Поддржано и преку социјалната мрежа Facebook


SEAT е официјалниот спонзор на Европската турнеа на Шакира и промовирањето на кампањата ‘Good Stuff’. Новиот албумот ’She Wolf’ е интересен за помладата публика особено поради анимираниот ТВ спот за носечките нумери во кој е прикажан имагинарен свет.

Главен елемент во кампањата е насочен кон микро сајтот www.seat.com/goodstuff. Преку 3D виртуелна анимација и интеракција посетителите ќе може да го откријат магичниот свет на ‘Good Stuff’ и постојано ќе се надополнува со нови информации.

Од основниот сајт на SEAT, микро сајтот е адаптиран за неколку различни држави и јазици, овозможувајќи да ги истражуваат и анализираат деталите на лимитираните модели SEAT Ibiza и León Good Stuff, кои шпанскиот производител ќе ги има во продажба по повод склучениот договор со поп ѕвездата. Моделите Ibiza и León Good Stuff – со затемнети стакла, еклузивен тапацир и палета од 5 бои, ќе биде достапен од наредната недела до средина на Ноември месец.

Истотака микро сајтот ќе биде дел од социјалната мрежа Facebook, преку која ќе се промовираат новите видео материјали, ќе се доделуваат карти за концертите и можност за бесплатно симнување на официјалните материјали од кампањата.

Микро сајтот ќе биде основа и за дел од промовирањето на специјални бенефиции за SEAT Club членовите како и проекти во кои ќе биде вклучена Шакира и фондацијата ’BareFoot’.

На микро сајтот може да се погледне и анимираниот телевизиски спот во кој се појавуваат моделите на автомобилскиот производите. Посетителите на сајтот ќе може да уживаат во авантурата во свет во кој се споени ритамот и гласот на поп ѕвездата Шакира со одлични автомобили.

Врз основа на соработката помеѓу SEAT и Шакира, кампањата ’Good Stuff’ ќе биде поддржана со голем број на промотивни активности.

назад