ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 

Press release, 26.02.2010

SEAT испорача 500 автомобили León ECOMOTIVE на British Gas

  • Ова е најголемата продажна на еколошки автомобили за компанијата
  • SEAT уште еднаш ја докажа високот ниво на свест за заштита на околината
  • Новиот León ECOMOTIVE е со регистрирана емисија на CO2 од само 99 г/км


Ова недела SEAT испорача 500 автомобили León ECOMOTIVE на Британската компнија Centrica која е најголемиот снабдувач на гас за крајните потрошувачи во Велика Британија и еден од најголемите снабдувачи на електрична енергија. Компанијата е позната под трговскиот назив British Gas. Ова претставува најголема продажба за еколошки автомобили од една компанија.

Испораката беше реализирана од фабриката на SEAT во Марторел и беше свечено обележана од страна на Јошен Функ Директорот на секторот задолжен за странските пазари и Менаџерот на фабриката во Марторел Хуан Рамон Родригез.

Со ова само се докажаа напорите кои ги прави шпанската компанија за да ја заштити околината и дека ќе продолжи да ги зголемува напорите за производство на автомобили со ниско ниво на просечна потрошувачка и ниско ниво на емисија на CO2. Новиот León ECOMOTIVE е со просечна потрошувачка од 3.8 л/100км и рекорно ниско ниво на CO2 99 г/км овозможувајќи им на жителите во Лондон да не плаќаат дел од таксите кои се предвидени. Многу битно е да се напомене дека автомобилите се со вклучена функција Auto Start/Stop и систем за обновување на енергијата.

Договорот помеѓу Centrica претставува еден од подобрите искуства за глобалната либерална трговија на пазарот каде што SEAT е дел од стратегијата за зајакнување на продажбата. Со ова уште повеќе се зголемува имиџот на брендот во Велика Британија како и зголемување на свеста кај купувачите за квалитетот и одличниот имиџ на шпанскиот производител.

назад