ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 

Press release, 19.07.2010


 

Новата Ibiza ECOMOTIVE – со најмало ниво на емисија во сегментот

  • Емисија CO2 од само 89 г/км и потрошувачка на гориво од само 3.4 литри на 100 км
  • 1.2 TDI CR 75КС мотор со Старт / Стоп функцијата и систем за обновување на енергијата
  • Во продажба ќе се појави во Септември

Третата генерација на моделот Ibiza ECOMOTIVE постигнува одлични резултати и позитивни оценки за нивото на потрошувачка на гориво и емисија на CO2 со што уште еднаш се закити со титулата за најеколошки модел во нејзиниот сегмент. Новата Ibiza ECOMOTIVE е поеколошка од последната верзија благодарение на намалената емисија на CO2 од само 89 г/км и намалената потрошувачка на гориво од само 3.4 литри на 100 километри.

 

Новиот модел на SEAT со 1.2 TDI CR 75 кс мотор е опремен со DPF партикуларен систем и со системот за обновување на енергијата и Старт / Стоп функцијата притоа овозможувајќи да биде еден од најеколошките автомобили на пазарот. Покрај тоа, ова е единствениот модел кој е со пет врати, стандарден клима уред, одлична моќност на моторот, а сепак обезбедува ниско ниво на штетни гасови CO2 од само 89 г/км.

 

Иако за прв пат SEAT Ibiza ECOMOTIVE ќе се појави во септември, сепак потенцијалните купувачи можат да го нарачаат уште сега најеколошкиот модел кај официјалните дилери на SEAT.

 

Комплетно опремен

 

Новиот најеколкишки модел SEAT Ibiza ECOMOTIVE е достапен во сите три варијанти – пет вратна, SC и ST и сите три варијанти се комплетно опремени. Во опремата се вклучени: ABS, ESP, TCS + EBA, систем за асистенција при тргнување на нагорнина, индикатор за низок притисок во пневматиците, воздушни перничиња за возач и совозач, две воздушни перничиња за главата и градите, MP3 + Aux-in + 4 звучници, клима уред, серво управувач, 15" алуминиумски фелни, 185/60 пневматици, радио антена со механизам против кражба, централна брава со далечински управувач, предупредување за сигурносни појаси, делива задна клупа со Isofix контакти во задните седишта + Top Tether подготовка, прилагодување на седиштата на возачот и совозачот по длабина и висина и во лумбален дел.

 

Сите овие позитивности го прават автомобилот со одличени перформанси и посакуван од страна на купувачите, покрај тоа што се намалени давачките при регистрација и што еновата SEAT Ibiza ECOMOTIVE е најекономичен и најеколошки автомобил.

 

Текст и фотографии: SEAT Media Center http://media.seat.com

назад