ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 

Press release, 17.02.2010


НОВИ НАГРАДА ВО ПОРТУГАЛИЈА И ФИНСКА
Моделите од гамата на SEAT континуирано добиваат награда низ Европа

  • Ibiza CUPRA е прогласена за “Спортски автомобил на годината“ во Португаија
  • Во Финска SEAT Exeo ја доби наградата за “Автомобил на годината“ за 2010
  • Двата модели беа во силна конкуренција

Автомобилите SEAT беа наградени со неколку престижни награди со што само го потврдија фактот дека се популарни и докажани автомобили, во истовреме го потврдија одличниот дизајн, спортскиот и младешки дух кои се карактериситични елементи кај сите модели на шпанскиот автомобилски производител.

SEAT Ibiza CUPRA беше избран за “Спортски автомобил на годината“ во Португалија од страна на членовите на жирито од изборот “Автомобил на годината – Кристален волан “. Најпрво се закити со наградата “Автомобил на годината во мала класа“ за 2009 година во Португалија, за подоцна истиот модел новата Ibiza се искачи на врвот пред своите конкуренти со верзијата CUPRA со мотор 1.4 TSI 180КС и седум – степен DSG менувач.

Од друга страна, моделот SEAT Exeo имаше одличен старт и е прогласен за “Автомобил на годината“ за 2010 во Финска според најпродаваното списание Tuulilasi. Ова награда само ја потврди популарноста на новиот модел на SEAT.

Уредниците на списанието Tuulilasi го организираа изборот каде што Exeo беше фаворит и победни со шест поени повеќе во однос на второ и трето рангираните модели Mercedes Benz E и Volkswagen Polo. Со ова само се потврдува лидерската позиција на SEAT моделите која е резултат на континуираното зголемување на гамата со нови атрактивни автомобили.

назад