ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 

Press release, 16.02.2010


АВТОМОБИЛСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ ПОДДРЖУВАЧ НА ШПАНСКИОТ ФИЛМ
SEAT е официјалниот автомобил за време на Шпанскиот филмски фестивал ‘Goya’ 2010
 

  • Номинираните и презентерите се возеа во модели на SEAT
  • Најголеми ѕвези на вечерта беа моделите SEAT Exeo и SEAT Exeo ST

SEAT беше дел од синоќешното 25то издание на Шпанскиот филмски фестивал ‘Goya’ во Мадрид. Моделите Exeo и Exeo ST од шпанскиот бренд беа официјалните автомобили во кои се возеа номинираните и презентерите на гала вечерта.

Во моментот кога излегоа од SEAT автомобилите номинираните за наградите на фестивалот чекореа по “зелен килим“ окружени со голем број на нивните фанови. Актерите како Пенелопа Круз, Лола Дуенас, Марибел Верду, Бланка Ромео беа само дел од познатите актери, како и познатите режисери Алехандро Аменабар и Фернандо Туеба.

Соработката на SEAT со Шпанскиот филмски фестивал ‘Goya’ беше дел од договорот помеѓу компанијата и Шпанската Филмска Академија на науката и уметностите. Врз основа на овој договор, SEAT ќе биде дел од сите настани организирани од страна на Акедемијата во текот на 2010 година со тоа што ќе претставува “официјален автомобилски подржувач и бренд“.

Ова е еден од неколкуте нови договори кои ги реализира SEAT со цел да се зголеми присуството на брендот на значајни национални и интернационални настани, како што се Шпанското Претседателство на ЕУ како и UEFA Europa League.


назад