ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 

Press release, 12.02.2010

SEAT беше дел од состанокот на кој учествуваат Европски Министрите од секторот за индустрија и истражување

  • Шпанската компанија го презентираше новиот хидбирден León Twin модел во Сан Себастијан

SEAT беше дел од состанокот кој се одржа во Сан Себастијан на кој учествуваа министрите кои се одговорни во секторите за Индустрија и Истражување. За време на состанокот се разговараше за развојот на електрични автомобили и нивната примена во Европа. За време на конференцијата за развојот на електрични автомобили која се одржа во Сан Себастијан шпанскиот автомобилски бренд учествуваше со хидбриндиот модел León Twin Drive.

На конференцијата беше предвидено да се презентираат најрепрезентативните модели на пазарот за електрични автомобили, а како посетители беа шпанскиот Министер за индустрија Мигел Себастијан, придружен со Претседателот на ANFAC (Шпанска асоцијација на автомобилски производители) Франческо Хавиер Гарсија Санч, Претседателот на Одборот на директори на SEAT и Потпретседател на VW конзорциум, Претседателот на SEAT Џејмс Мур.

Моделот SEAT León Twin Drive е комбинација на мотор со електрично напојување и со традиционалниот мотор со внатрешно согорување, првиот за возење во град, а вториот за возење надвор од град или возење на отворено. Со максимална брзина од 190 км/ч и растојание од 50км во електричен мод, претставува фаза најприближна за целосно електричен автомобил.

Напредокот кој го прави SEAT е во областа на донесување на одлуки за развивање на електричен модел кој проект е поддржан и од Министерството за наука, развој и иновации во Шпанија, со цел развивање на клучните технологии и компоненти кои ќе помогнат во изградба на електричен автомобил. Ова идеа станува се пореална во Шпанија.

Покрај тоа, SEAT обезбедува автомобили за шпанскиото Претседателство на Европската Унија. Се обезбеди флота на 230 автомобили од својата гама, со кои ќе се овозможи превоз на политичките претставници за време на состаноците кои ќе ги одржува Претседателството на ЕУ во Шпанија.

назад