ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 

Press release, 06.03.2010

ЗА ВРЕМЕ НА САЕМОТ НА АВТОМОБИЛИ ВО ЖЕНЕВА
SEAT го претстави IBE концептот, компактен спотрски coupé автомобил со електричен погон

  • Нов динамичен концепт за урбано возење
  • Дизајн кој ќе биде одлика во иднината на новите модели на SEAT
  • Презентирање на новата верзија на Ibiza ST


За време на Саемот на автомобили во Женева SEAT го претстави новиот концепт на автомобил IBE кој претставува компактен, спортски и урбан автомобил со електричен погон и фасцинантен дизјан кој ќе биде дел од сите идните автомобили на шпанскиот бренд. Истотака беше презентирана и новата верзија на Ibiza која се очекува да се појави во продажната мрежа пред почетокот на летниот период.

Претседателот на SEAT Џејмс Мур ја претстави светската премиера на концептот на автомобилот IBE. “Со IBE ние сакаме да покажеме дека SEAT развива автомобил на електричен погон кој ќе биде комбиниран со одличен надворешен дизај и одлични возни својства. IBE ја продолжува традицијата на SEAT – секогаш со прецизни линии и со дизајн наменет за помладата таргент група. Нашиот нов концепт е со ново гледиште на дизајнот на автомобилите со електричен погон. Претставува компактен автомобил со одличен дизајн“ изјави Џејмс Мур.

Со димензии кои овозможуваат едноставно управување, агилност и динамичност, SEAT IBE е совршен за на улица. Со 2+2 седишта во кабината дизајниран е за младешкиот начин на живот. Со максимална моќност од 102 КС (75 kw) и вртешен момент од 200 Nm, моќната единица овозможува одлична брзина поголема од 130 км и се карактеризира со исклучителен надворешен дизај.

Истотака SEAT ја претстави новата верзија на Ibiza ST компактен автомобил од фамилијата на најпродаваниот модел од шпанскиот бренд. Според Мур “Ibiza претставува најпопуларен автомобил и пример за успешен модел кој е лидер во неговиот сегмент. Новиот модел од фамилијата на Ibiza – ST верзијата ќе може да се најде во продажната мрежа на SEAT пред почетокот на летниот период кога и очекуваме одлична продажба и зголемување на производстовото во фабриката во Марторел“.

Новиот модел Ibiza ST се разликува од SC и од 5-врати верзијата во вкупната должината на автомобилот за 4.23 метри како во волуменот на багажен простор, сега со вкупен капацитет од 430 литри. Истотака, новиот модел на шпанскиот бренд во понуда ќе може да се најде со комплетна опременост и со 1.2 TSI 105 КС бензински мотор и целата понуда на TDI common rail мотори вклучувајќи го и новиот 1.2 TDI CR 75 КС мотор.

назад