ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 

Press release, 06.03.2010

SEAT и Шакира – најсјајните ѕвезди кои беа дел од Саемот на автомобили во Женева

  • Претседателот Џејмс Мур и поп ѕвездата Шакира беа дел од Интернационалниот саем на автомобили
  • SEAT е официјалниот спонзор на Европската турнеа на Шакира и поддржувач на нејзината добротворната фондација “Barefoot“
  • Изведбата на една од песните од нејзиниот последен албум “She Wolf“ го заокружи целиот настан


SEAT е официјалниот спонзор на Европската турнеа на интернационалната ѕвезда Шакира и поддржувач на добротвроната фондација “Barefoot“. За време на вториот ден од Интернационалниот саем на автомобили во Женева познатата поп ѕвезда Шакира беше дел од штандот на SEAT.

За време на саемот кој претставува еден од најголемите светски автомобилски саеми, Претседателот на SEAT Џејмс Мур и ги претстави на Шакира последните достигнувања на шпанскиоот бренд, како што се концепт моделот IBE и новата SEAT Ibiza ST.

Во текот на прес конференцијата како симбол на соработката помеѓу SEAT и Шакира беа значките (беџ) ‘Good Stuff’ кои го претставуваа почетокот на соработката – поддржување на Европската турнеа, лансирањето на новиот анимиран ТВ спот како сеопфатна кампања која ќе биде составена од голем број на промотивни активности.

Џејмс Мур најава дека SEAT истотака ќе ја поддржи добротворната работа на Шакира и нејзината фондација “Barefoot“ кој е основана пред 18 години и која има за цел да го направи обрзованието достапно низ целиот свет.

На крајот од настанот Шакира заедно со нејзиниот бенд имаа изведба на една од песните од нејзиниот последен албум “She Wolf“.

назад