ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 

Press release, 04.02.2010

SEAT Ibiza ST – компактна, динамична и удобна

  • Спортстки каратеристики и кај третиот модел на Ibiza
  • Одличен дизајн со зголемен багажен простор
  • Динамични возни каратеристики со зголемено ниво на сигурност
  • Шест мотори; и новите1.2 TDI и1.2 TSI

SEAT постојано ја зголемува гамата на своите модели – Ibiza ST е третиот модел кој треба успешно се вклучува во шпанскиот бренд. Компактниот автомобил најмногу е наменет за помладите претставници со спортски дух. Кај овој модел повторно доаѓаат до израз препознатливите карактеристики на шпанскиот бренд – одличен дизајн, динамичност и ефикаснот, како и функционалност и одлична цена. Новиот модел SEAT Ibiza ST ќе биде во понуда со шест мотори и со високо ниво на опременост и технологија. Промоцијата на новиот модел е планирана на почетокот од летниот период.

Дизајнерите во одделот на SEAT Design направија спој помеѓу високо функционални елементи и препознатиливиот шпански дизајн. И покрај тоа што има зголемен волумен на внатрешниот простор и зголемен капацитет на багажникот од другите модели на Ibiza, сепак овој модел е наменет за помладите претставници со спортски дух. Кровната линија е одлично итегриранљ во целокупниот дизајн како и динамичната линија која се провлекува од предните крила и средината на предната врата. Предниот дел на поклопецот на моторот ја покажува еволуцијата на веќе заштитениот “стрелест“ дизајн; кој дава уникатен нов изглед.

Со должина од 4.23 метри, новата Ibiza ST е подолга од моделот Ibiza за 18 cm. Ова дозволува зголемување на капацитетот на багажникот со што повторно се задоволуваат сите потреби во однос на спортскиот и модерен стил. Основиот капацитет на багажниот простор изнесува 430 литри и може да се зголеми доколку преградите се спојат. Инженерите имаат обрнето големо внимание за да се дизајнира оптимална ширина и висина на багажниот простор. Целокупниот внатрешен простор е дизајниран со огромна прецизност и функционалност што е карактеристично за сите модели на SEAT.

Внатрешноста на Ibiza ST е со импресивена пространост, со совршени и високо квалитетни карактеристики. Дизајнерите и инженерите имаат посветено огромно внимание на финалните и завршни елементи; секоја елемент што е вграден е функционален, практичен за употреба и прецизно поставен, изработен од високо квалитетни материјали и голема прецизност. Како да се наоѓате во кабината на пилотите. Кружен воздушен вентил, краток и функционален менувач – препознатливиот дизајн на SEAT може лесно да се примети.

Спортскиот дизајн со високо ниво на ефикасност се дел од секој модел на SEAT. Моделот Ibiza ST ќе биде во понуда со три бензин мотори и три дизел мотори со common-rail технологија. Четири од шестте мотори е со директно вризгување и турбо полнач. Имаат моќност со опсег од 51 до 77 KW или од 70 до 105КС. Голем акцент се става на исклучиво ефикасните два мотори 1.2 TDI и 1.2 TSI.

Со прецизниот менувач се гарантира агилноста и динамичноста на моделот. Заедно со одлично опремените три ниво – Reference, Style и Sport како и двојна спојка – ја прави Ibiza ST една од најконкурентните модели во сегментот на “мали“ автомобили.

назад