ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 

Press release, 02.06.2010

SEAT е на прво место на пазарот во Шпанија за претходните пет месеци

  • Шпанскиот бренд има продадено 44,139 автомобили во периодот од јануари до мај и пораст од 46%
  • Ibiza е најпродаван модел во мај
  • Брендот е близу до исполнување на таргетот од 100.000 продадени автомобили во Шпанија

SEAT е најпродаван бренд во Шпанија во изминатите пет месеци од годинава и во моментот се наоѓа пред останатите автомобилски конкуренти. Шпанскиот бренд има пораст од 46% или во апослутни бројки во изминатиот период се продадени 44.139 автомобили според официјалните податоци на Асоцијацијата на автомобилски производители Anfac и Асоцијацијата на автомобилски дилери Ganvam. Во мај се продадени вкупно 9.827 SEAT автомобили или 47,2% повеќе во однос на мај минатата година.

Покрај тоа, Ibiza е најпродаван автомобил минатиот месец – вкупно 4.373 автомобили се продадени, со што се бележи порас на продажната за 42,5% повеќе во однос на минатата година. Со тоа само се потврдува фактот дека до крајот на годината Ibiza ќе биде најпопуларен автомобил во Шпанија и продажната се очекува да продолжи да расте и да се зголеми интересот за Ibiza ST верзијата. Во исто време, Leon е рангиран на листата на десет најпродавани модели во мај со вкупна продажба од 2.462 автомобили или 7,8% раст е забележано кај Leon.

Со овие резултати, SEAT е на одличен пат да ги исполни поставените таргети за 2010 година со продажба на 100.000 автомобили во Шпанија и market share од 10%.

назад