ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 




     
WTCC - 14.01.2009
Mакао - 26.11.2009
Mакао - 23.11.2009
Mакао - 18.11.2009
Окуама - 02.11.2009
Јапонија - 28.10.2009
Јапонијa - 28.10.2009
Италија - 22.09.2009
Италијa - 22.09.2009
Италија - 17.09.2009
Германијa - 07.09.2009
Порто - 02.07.2009
Германија - 07.09.2009
Имола - 07.09.2009
Порто - 20.07.2009
Брандс - 20.07.2009
Брандс - 15.07.2009
Португалија - 06.07.2009
Валенсија - 01.06.2009
Португалија - 12.06.2009
Валенсија - 29.05.2009
Портo - 18.05.2009
Пау - 15.05.2009
Мароко - 04.05.2009
Брно - 02.05.2009
Германија
Чешка
 
 


Шестата трка во WTCC шампионатот ќе се одржи во Република Чешка Патеката во Брно ќе биде предизвик за SEAT León TDI

Одличната патека во градот Брно, во Република Чешка изобилува со голем број на свиоци, угорнина и надолнина ќе биде домаќин на шестата трка од WTCC шампионатот. SEAT León TDI ќе биде дел ова ова трка која се смета дека е најтешката патека од WTCC календарот.

Возилата со погон на предни тркала се во неповолна ситуација поради конфигурацијата на патеката. Како дополнителен хендикеп е лимитот на турбо притисокот на 2.7 барели, особено поради секциите со нагорнин, затоа ова трката ќе биде голем предизвик за SEAT León TDI.

Како резултат на новите правила кои се воведоа ова сезона во текот на трката во Брно три бренда да бидат оптоварени со иста тежина. SEAT, BMW и Chevrolet во текот на трката ќе бидат оптпварени со 40 кг. товар и како резултат на ова ќе може да се очекува израмнета борба, особено во текот на квалификациите. Покрај ова оптоварување, SEAT León TDI е дополнително оптпварен со 20 кг. повеќе во споредба на трката во Валенсија и 15 кг. повеќе во споредба со BMW.
Покрај успесите и неуспесите во текот на изминатите пет трки, SEAT очекува дека на крајот од трката во Брно ќе ја задржи истата позиција како и досега, останувајќи лидер на листата на конструктори и возачи.

Покрај проблемите на патеката, минатата година Габриеле Тарквини успеа да се рангира на првата позиција и да се здобие со победа. Минатата година, SEAT првпат беше дел од настан организиран во Брно, иако градот Брно е домаќина и дел од WTCC шампионатот од 2006 година, а на ETCC шампионатот од 2002 година.

 
Програма
Сабота, 20 Јуни
8.30 – 9.00: Тренинг сесија
11.00 – 11.30: Тренинг сесија
15.00 – 15.35: Квалификација
 
Програма
Недела, 21 Јуни
8.30 – 8.45: Загревање
12.50: 1ва трка 10 круга со старт во движење 
15.05 p.m.: 2ра трка 10 круга со старт од место

 
Тежина за возилата на секој од учесниците
SEAT León TDI: 1,170 кг + 40 кг тежина = 1,210 кг
SEAT бензин: 1,170 кг - 10 кг тежина = 1,160 кг
BMW: 1,155 кг + 40 кг тежина = 1,195 кг
Chevrolet Cruze: 1,170 кг + 40 кг тежина = 1,210 кг
BMW (Независен): 1,180 кг
Lada: 1,170 кг - 20 кг тежина = 1,150 кг

* (Со одобриени од FIA, BMW ќе се натпреварува со 15 кг помалку во однос на SEAT León TDI)

Втора трка од SEAT León Eurocup

SEAT León Eurocup се одржува по втор пат во Брно, додека пак првата трка се одржа во Валенсија на Честе патеката, каде што Норберт Мишелиз победи во првата трка, додека пак Анреа Ларини во втората трка. Покрај нив, брат близнак на Том Коронел, Тим Коронел ќе се напреварува на WTCC во тимот на SEAT León .
На крајот од двете трки во Честе, на правата позиција со 11 поени беа рангирани вкупно тројца возачи – Коронел, Матејовски и Ларини, после нив следеше Мишелиз со 10 поени, Педала со 9 поени и Пујо со 8 освоени поени. Трката во Брно е особено интересна за следење, бидејќи трката не се одржува на истата патека како минатата година, поради што сите натпреварувачи имаат исти шанси за победа.
Вкупно 25 SEAT León Eurocup возила ќе учествуваат во трката на патеката во Република Чешка каде што сите погледи се насочени кој М. Матејовски, кој покрај тоа што е претставник од неговата земја за време на трката во Eurocup, ќе треба да ја одбрани својата лидерска позиција.