ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 




     
WTCC - 14.01.2009
Mакао - 26.11.2009
Mакао - 23.11.2009
Mакао - 18.11.2009
Окуама - 02.11.2009
Јапонија - 28.10.2009
Јапонијa - 28.10.2009
Италија - 22.09.2009
Италијa - 22.09.2009
Италија - 17.09.2009
Германијa - 07.09.2009
Порто - 02.07.2009
Германија - 07.09.2009
Имола - 07.09.2009
Порто - 20.07.2009
Брандс - 20.07.2009
Брандс - 15.07.2009
Португалија - 06.07.2009
Валенсија - 01.06.2009
Португалија - 12.06.2009
Валенсија - 29.05.2009
Портo - 18.05.2009
Пау - 15.05.2009
Мароко - 04.05.2009
Брно - 02.05.2009
Германија
Чешка
 
 


ПРВАТА ОД ДВЕТЕ ТРКИ ВО АЗИЈА
SEAT Sport ќе ја брани лидерската позиција во Јапонија

Тимот на SEAT Sport е соочен со голем предизвик пред почетокот на претпоследната трка од WTCC шампионатот која ќе се одржи на 1ви ноември на патеката во Окаума, Јапонија. Членовите на тимот на SEAT ќе ја започнат трката со цел да остварат подобар пласман и подобри позици за последната трка во Макао. Позицијата која што ја имаат во моментот е резултат на претходните победи и одлични резултати кои ги имаат постигнато како и на одличните резултати кои ги обезбедија во Имола, Италија.

Габриеле Тарквини и Иван Мулер во моментот се на двете лидерски позиции во генералниот пласман на возачи, а во генералниот пласман на конструктори SEAT е на лидерската прва позиција. Тарквини има освоено вкупно 109 поени, а на втората позиција е Мулер со 102, додека пак Агусто Фарфус кој е најголем конкурент во превземањето на лидерката позиција има 91 поен.

Габриеле Тарквини е целосно фокусиран за постигнување на подобри резултати: “Јас сметам дека возачите на SEAT за време на ова трка треба да бидат повеќе во дефанзива за разлика од трката во Имола, бидејќи ова патека не е многу наколонета кон нашите автомобили. Мојата лична цел е да освојам колку што е можно повеќе поени за тимот“. Иван Мулер истотака е еден од потенцијалните победници на шампионатот кој смета дека најголем фактор за време на ова трка ќе бидат временските услови: “Нашата примарна цел е да овозможиме SEAT да ја зацврсти лидерката позиција во генералниот пласман на конструктори, а потоа ќе настојуваме да ја задржиме лидерската позиција во генералниот пласамн на возачи. Патеката во Окаума е една од покомплицираните патеки, а како дополнителен проблем ќе бидат и временските услови кои не очекуваат за време на трката“.

Во генералниот пласман на конструктори, SEAT е лидер со освоени 271 поен, а на втората позиција е BMW со 250 поени, па доаѓаат Chevrolet со 175 и Lada со 78 поени. Поради тоа што има уште две трки (во Јапонија и во Макао), тешко дека првата трка во Азија ќе биде одлучувачка.
Патеката во Окаума е долга 3.702 метри и се наоѓа во близина на Окаума градот, а од Осака е оддалечен само 200 км. Патеката беше реконструирана во 1994 година за потребите на Формула 1 трките, а потоа беше користена и за меѓународните трки на мотори. Бидејќи од сите четири страни е опколена со планински предели, очекувано е временските услови да бидат неповолни. Истите временски услови ги имаше и минатата година и беа одлучувачки фактор во победата на Рикард Рајдел и SEAT León TDI и за победата на Том Коронел и SEAT León.

 
Распоред
Сабота, 31ви октомври
00.30 – 01.00: Загревање 1
03.10 – 03.40: Загревање 2
08.00 – 08.35: Квалификациски трки
 
Програма
Недела, 1ви ноември
00.00 – 00.15: Загревање
05.55: Прва трка со 14 круга со старт во движење
08.05: Втора трка со 14 круга со старт во место

Минимална тежина за возилата на секој од учесниците
SEAT León TDI, 1170 кг.. + 40 кг. тежина = 1210 кг
SEAT бензин мотор, 1170 кг. – 0 кг. тежина = 1170 кг
BMW, 1155 кг. + 40 кг. тежина = 1195 кг
Chevrolet Cruze: 1170 кг. + 30 кг. тежина= 1200 кг 
BMW (независен): 1180 кг
Lada 110 1170 кг. - 20 кг. тежина = 1150 кг