ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 




     
WTCC - 14.01.2009
Mакао - 26.11.2009
Mакао - 23.11.2009
Mакао - 18.11.2009
Окуама - 02.11.2009
Јапонија - 28.10.2009
Јапонијa - 28.10.2009
Италија - 22.09.2009
Италијa - 22.09.2009
Италија - 17.09.2009
Германијa - 07.09.2009
Порто - 02.07.2009
Германија - 07.09.2009
Имола - 07.09.2009
Порто - 20.07.2009
Брандс - 20.07.2009
Брандс - 15.07.2009
Португалија - 06.07.2009
Валенсија - 01.06.2009
Португалија - 12.06.2009
Валенсија - 29.05.2009
Портo - 18.05.2009
Пау - 15.05.2009
Мароко - 04.05.2009
Брно - 02.05.2009
Германија
Чешка
 

ДВЕ ПОБЕДНИЧКИ ПОЗИЦИИ ЗА ТАРКВИНИ И МУЛЕР
SEAT ја зацврсти лидерската позиција во WTCC шампионатот

Press release, 22.09.2009

Тимот на SEAT Sport направи значителен чекор напред и уште еднаш ги потврдија своите две титули кои ги освоија на минатогодишниот WTCC шампионат. Во Италија, на патеката во Имола беше одржана десетата трка од WTCC шампионатот на која тимот на SEAT ги освоија двете победнички места. Габриеле Тарквини ја освои правата позиција, а беше следен од Иван Мулер, додека пак Мулер ја забележа својата победа во втората трка на која Тарквини беше второ пласиран.

SEAT возачите се искачија на трите водечки позиции во генералниот пласман на WTCC шампионатот пред последните две трки. Тимот на SEAT ја зголеми предноста пред BMW со дваесет и еден поен повеќе во табелата на генералниот пласман за конструктори, додека пак Тарквини е со седум поедни пред неговиот тимски возач Иван Мулер, а единаесет поени пред Агусто Фарфус.

Рудел, Гене и Монтерио неуспеаа да освојат значајни поени од трката во Имола, поради инцидентот кој што се случи во првиот круг од првата трка. Во втората трка, Гене се пласираше на петата позиција, Рудел на седмата, меѓутоа Монетиро неуспеа да обезбеди пласман.

Двете трки имаа ист развој со истите протагонисто. Во правата трка, првата стартна позиција ја имаше Тарквини и ја задржа лидерската позиција, следен од Иван Мулер. Двајцата возачи поставија одлично темпо кои беше тешко да се следни од конкурентите, со што си овозможија да ја задржат лидерската позиција се до целната рамнина. После инцидентот поради кој трката мораа да ја завршат предвереме Гене, Монтерио и Рудел, Том Коронел кој управуваше со SEAT León TSFI ја заврши трката на одличната шеста позиција, како лидер на независните возачи.

Во втората трка, Ален Мену (Chevrolet) беше лидер, меѓутоа Мулер и Тарквини имаа одлично пробивање со кое ги зазедоа првите две позицијаа откако ги претекнаа своите шест конкуренти кои се наоѓаа пред нив.
Покрај темпото што го поставија двата автомобили SEAT León TDI, не им оставија простор на конкурентските брендови да се доближат до првите две позиции. Сепак, Хорди Гене и Рикардо Рудел успее да се пробијат напред и на крајот од трката се пласираа на шестата и седмата позиција притоа освојувајќи значајни поедни за пласманот во табелата на возачи.
Наредната трка која е претпоследна од WTCC шампионатот ќе се одржи во Јапонија, Окаума на 1ви Ноември.