ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 




     
WTCC - 14.01.2009
Mакао - 26.11.2009
Mакао - 23.11.2009
Mакао - 18.11.2009
Окуама - 02.11.2009
Јапонија - 28.10.2009
Јапонијa - 28.10.2009
Италија - 22.09.2009
Италијa - 22.09.2009
Италија - 17.09.2009
Германијa - 07.09.2009
Порто - 02.07.2009
Германија - 07.09.2009
Имола - 07.09.2009
Порто - 20.07.2009
Брандс - 20.07.2009
Брандс - 15.07.2009
Португалија - 06.07.2009
Валенсија - 01.06.2009
Португалија - 12.06.2009
Валенсија - 29.05.2009
Портo - 18.05.2009
Пау - 15.05.2009
Мароко - 04.05.2009
Брно - 02.05.2009
Германија
Чешка
 
 


WTCC & EUROCUP – ОВОЈ ВИКЕНД ВО ГЕРМАНИЈА
започнува одбројувањето за seat во wtcc шампионатот

Press release

Трката од WTCC шампионатот која ќе се одржи овој викенд на 6 септември во Баден-Виртемберг Германија, го означува почетокот на вториот и последен дел од ова натпреварување. Останатите три трки од шампионатот ќе се одржат во Имола, Окаума и Макау. За SEAT ова трка означува почеток на одбројувањето како и можност да се задржат минатогодишните шампионски титули.Патеката Баден – Виртемберг е една од потешките и понапорните патеки за SEAT Sport како и предизвик да се сочуваат целите кои си ги има поставено тимот. Во текот на летнито период тимот на SEAT беше целосно посветен во изнаоѓање на најдобрите подесувања на автомобилите за оставрување на подобра квалификациона сезона со цел обезбедување на одлични позиции кои се тактички претходно осмислени.

 Првиот чекор во остварување на победата е да се постигнат најдобри резултати за време на квалификациските сесии.Џејми Пуиг, директор на SEAT Sport: “Како резултат на промените кои беа внесени од страна на FIA од Одделот за техничка регулатива нашите автомобили неможат да возат со исто темпо како на почетокот од сезоната. Ние ќе мора да работиме напорно за да го надминеме овој проблем, а тимската дух кој го имаме е суштинскиот елемент за да успееме да ја задржиме лидерката позиција.”

Нашата основна цел е да ги избегнеме сите можни идни проблеми, бидејќи ќе имаме помалку време истите да ги отстраниме. Шампионатот се приближува кон крајот со тоа што започнува да се зголемува тензијата меѓу натпреварувачите.

Хавиер Сера, главен инженер: “Ние сме подготвени да се соочиме со предизвикот кој ни следува на крајот од шампионатот. Нашиот главен приоритет е да добиеме пласман на пет автомобили во втората квалификациска сезона. Поради ова причина, дел од подготовките кои беа реализирани во текот на летниот период беа за изнаоѓање на најдоброто подесува на перформансите на León TDI со цел овозможување на одлична квалификациска сезона. ”

Иван Мулер и Габриеле Тарквини се лидери во шампионатот со меѓусебна разлика од пет бодови, а трет на табелата е Аугусто Фарфус со само еден бод после Тарквини. Рикардо Рудел се наоѓа на четвртата позиција, а Тиаго Монтеиро и Хорди Гене се меѓу првите десет возачи. Во генералниот пласман на конструктори SEAT е со десет бодови пред BMW, но и во двете табели разликата на бодови е многу мала.

Иван Мулер: “Вториот дел од почетокот на сезоната во Германија ќе биде возбудлив за секого, но во истовреме мислам дека тимот на SEAT треба да остане истраен во задржувањето на лидерката позиција особено сега кога сите тимови сме изедначени. Јас сум подготвен да ја бранам шампионската титула и ќе го дадам најдоброто од мене за да победиме и ова сезона. ”

Габриеле Тарквини: “Ова ситуација е многу слична како и минатогодишната и сигурен сум дека одлучувачка ќе биде последната трка која ќе се одржи во Макао. Мојот сон е да се натпреварувам заедно со Иван Мулер, еден од моите колеги во тимот, со една единствена цел да ја задржиме шампионската титула, иако ова година Аугусто Фарфус е во одлична форма и е еден од потенцијалните возачи кои можат да победат. Што се однесува до патеките, SEAT León е автомобил кој добро прилагоден на патеките во Имола и Макао. Додека пак, BMW може да оствари добри резултати на патеките во Баден – Виртемберг и Окаума.“

Патеката во Баден – Виртемберг е во близина на градот Марбург во северниот дел на Германија и SEAT е поврзан за овој град со убави спомени. Рикардо Рудел ја освои својата прва победа во 2004 за време на Eurocup шампионат, управувајќи SEAT Toledo CUPRA. Три години подоцна, Иван Мулер ја освои својата прва победа на истата патека управувајќи SEAT León TDI.

Програма
Сабота, 5 септември
8:45 – 9:15: Тренинг сесија
11:00 – 11:30: Тренинг сесија
15:15 – 15:50: Квалификации 
 
Програма
Недела, 6 септември
9:15 – 9:30: Загревање
12:50: Прва трка - 14 круга со старт во движење
15:05: Втора трка – 14 круга со старт од место

Минимална тежина за возилата на секој од учесниците
SEAT León TDI: 1,170 кг + 40 кг тежина = 1,210 кг
SEAT бензин: 1,170 кг - 20 кг тежина = 1,150 кг
BMW: 1,155 кг + 40 кг тежина = 1,195 кг
Chevrolet Cruze: 1,170 кг + 30 кг = 1,200 кг
BMW (Независен): 1,180 кг
Lada 110: 1,170 кг - 20 кг тежина = 1,150 кг
   

(Врз основа на посебна дозвола BMW се натпреварвуа со 15кг помалку товар во однос на SEAT León TDI).

НОРБЕТ МИЧЕЛИС ОСТАНА ЛИДЕР
Претпоследна трка од SEAT León Eurocup


Патеката во Баден – Виртемберг е претпоследната патека од SEAT León Eurocup шампионатот, додека пак последната трка ќе се одржи на патеката во Имола. Но, пред почетокот на трката на италијанската патека, возачите на Eurocup ќе треба да ја совладаат германската патека кој се одликува со тесна свиоци. Првиот свиок ќе биде еден од пресудните, бидејќи свиокот е со деведесет степени и со мал простор за маневрирање.

Возачите ќе треба да се справат со сите останати свиоци, со тоа што ќе придонесат да се зголеми тензијата и возбудата кај публиката. На ова патека, публиката ќе има можност да погледне на едно место голем дел од интересните моменти од трката. Поголем дел од публиката е концентрирана на периферните делови од патеката, бидејќи имаат подобра прегледност и перспектива на трката за разлика од публиката која ја следи трката пред самата целна линија.
Норбет Мичелис остана лидер на табелата, а со четири бодови помалку на втората позиција се наоѓа Диего Пујо, додека пак Максмо Педала е шести на табелата – ова се всушност потенцијалните победници на шампионатот. Фреди Барт е четврти, но тој како и Џејн Марие Клаирет и Мишел Матејовски ќе им е потребна огромна среќа за да оставарат одлични резултати со цел да влезат во потесниот круг на потенцијални победници.

Џејн Марие Клаирет ќе се натпреварува на WTCC трката во Баден – Виртемберг, како награда за неговата победа која ја оствари на последната трка од Eurocup која се одржа во Брандс Хатч.
 

Програма
Петок, 4 септември
9:45 – 10:15: Слободна тренинг сесија
13:45 – 14:15: Слободна тренинг сесија
18:30 – 19.00: Квалификации
 
2ра трка
Сабота, 5 септември
17:15: Прва трка