ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 




     
WTCC - 14.01.2009
Mакао - 26.11.2009
Mакао - 23.11.2009
Mакао - 18.11.2009
Окуама - 02.11.2009
Јапонија - 28.10.2009
Јапонијa - 28.10.2009
Италија - 22.09.2009
Италијa - 22.09.2009
Италија - 17.09.2009
Германијa - 07.09.2009
Порто - 02.07.2009
Германија - 07.09.2009
Имола - 07.09.2009
Порто - 20.07.2009
Брандс - 20.07.2009
Брандс - 15.07.2009
Португалија - 06.07.2009
Валенсија - 01.06.2009
Португалија - 12.06.2009
Валенсија - 29.05.2009
Портo - 18.05.2009
Пау - 15.05.2009
Мароко - 04.05.2009
Брно - 02.05.2009
Германија
Чешка
 

Норбет Мичелис, победи во SEAT León Eurocup 2009
НЕГОВА ПЕТ ПОБЕДА ОВА СЕЗОН
А

Press release, 22.09.2009

Во Имола беше одржана последната трка од сезоната на SEAT León Eurocup, која што заврши со победа на унгарскиот возач Норбер Мичелис. Мичелис доминираше во текот на целата сезона и успева да триумфира на крајот од сезоната. Максимилиано Педала, исто така имаше огромни шанси да биде прво пласиран, меѓутоа покрај Мичелис немаше можност да ја добие ова трка и да триумфира.

Покрај победата, оваа трка воопшто небеше лесна за Мичелис кој имаше неколку технички проблеми во официјалниот тренинг. Сепак, во текот на трката успеа да ја заврши првата трка на која како прво пласиран беше Роси, откако во текот на трката за седмата позиција имаше борба помеѓу Фреди Бартх и Максимилиано Педала. Така Мичелис беше во можност да ја започне втората трка од одлична позиција и успеа на триумфален начин да ја освои правата позиција од шампионатот.

Роден е во Мохач (Унгарија) на 8ми август 1984 година, започнувајќи ја својата кариера во 2005. Во 2006 година го освои Suzuki Swift Cup, а во 2007 година Renault Clio Cup. Овие победи му обезбедија место во SEAT León Eurocup во 2008 гоина кога постигна одлучни резултати. Четири пол позиции, освојување на една права позиција и една втора позиција му овозможија одлично дебитирање во WTCC шампионатот во Јапонија за време на трката во Окаума кога го управуваше SEAT León WTCC.

“Јас сум навистина среќен на постигнатите резултати – објасување Норберт по завршувањето на трката во Имола – бидејќи тимот работеше многу напорно во текот на ова година. Вистина е дека викендот ни започна со неколку проблеми. Не се чувствував сигурен и поради тоа направив неколку грешки во текот на квалификациите. Мојата цел во првата трка беше да се постигнат подобри поени во втората трка. Благодарение на тоа успеав да ја извојувам победата и да ја освојам титулата“.


Во генералниот пласман, Педала е пласиран на втората позиција а Бартх на третата. Како награда за победата во Eurocup, Мичелис ќе биде дел од WTCC шампионатот кој ќе се одржи во Португалија на патеката во Брага во Октомври 25ти притоа управувајќи со SEAT León. Како победник за овој викенд за време на трката во Имола, Мајкал Роси ќе биде дел од наредната трка од WTCC шампионатот во 2010 година, исто така управувајќи со SEAT León WTCC.