ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 




     
WTCC - 14.01.2009
Mакао - 26.11.2009
Mакао - 23.11.2009
Mакао - 18.11.2009
Окуама - 02.11.2009
Јапонија - 28.10.2009
Јапонијa - 28.10.2009
Италија - 22.09.2009
Италијa - 22.09.2009
Италија - 17.09.2009
Германијa - 07.09.2009
Порто - 02.07.2009
Германија - 07.09.2009
Имола - 07.09.2009
Порто - 20.07.2009
Брандс - 20.07.2009
Брандс - 15.07.2009
Португалија - 06.07.2009
Валенсија - 01.06.2009
Португалија - 12.06.2009
Валенсија - 29.05.2009
Портo - 18.05.2009
Пау - 15.05.2009
Мароко - 04.05.2009
Брно - 02.05.2009
Германија
Чешка
 

WTCC ВО ПАУ

Press release, 18.05.2009

Трката од WTCC шампионатот која ќе се одржи овој викенд на 5 Јули на урбаната патеката во градот Порто ќе биде запаметена најмногу поради две причини. Од една страна ова ќе претставува 100-та трка од шампионатот, а од друга страна тимот на SEAT Sport на половина од сезоната е сеуште лидер на двете табели - табелата на возачи и табелата на конструктори.

Лидерската позиција на SEAT во текот на шампионатот се должи најмногу на непоколебливиот тимски дух, кој им овозможи да ги поминат сите препреки кои ги имаа досега особено препреката која ја имаа во поглед на новата техничка одлука што ја воведе FIA.

Тимот на SEAT не се согласува со последните измени во однос на лимитирање на турбо притисокот на 2,7 барели. Овие измени има големо влијание на SEAT León TDI перформансите. Како резултат на тоа, SEAT возилата не го постигнуваат своето најдоброто време на трките, меѓутоа нивните одлични резултати се должат на супериорните квалитети на возачите.

Возачите во тимот на SEAT во првата половина на сезоната обезбедија пет победи, четиринаесет позиции на победничкиот подиум и две пол позиции. Тимот на SEAT е одлучен да продолжи со истото темпо во наредните шест трки како од првата половина на сезоната со цел да ја повторат минатогодишната двојна победа.

Со ова SEAT ќе ја зацврсти позицијата во WTCC шампионатот. SEAT е дел во сите трки од WTCC шампионатот и доколку Хорди Гене се квалификува во Порто, тој ќе биде еден од двата возачи кои се дел од сите 100 трки. Започнувајќи од 2005 година и покрај сите неизвесности, WTCC е интернационален натпревар со четири реномирани брендови и неверојатено голема гледаност на сите трки.

Досега SEAT León TDI се нема натпреварувано на патеката во Порто и ова трка има огромно значење за WTCC бидејќи претставува признание за успешноста на шампионатот. Тимот на SEAT Sport со нетрпение го очекува почетокот на трката. Двојната победа која ја имаа во 2008 беше еден од најголемите успеси кои се забележани во Шпанската спортска историја, а годинешниот пласман и можната победата претставуваат предизвик за тимот.


 
Програма
Петок, 3 Јули
15.00 – 15.30: Слободна тренинг сесија
 
Програма
Сабота, 4 Јули
9.00 – 9.30: Слободна тренинг сесија 
12.00 – 12.30: Слободна тренинг сесија
15.00 – 15.50: Квалификации  


 
Програма
Недела, 5 Јули
9.00 – 9.15: Загревање
11.35: Прва трка - 11 круга со старт во движење
16.50: Втора трка - 11 круга со старт од место
 
Тежина на возилата за секој од учесниците
SEAT León TDI: 1,170 кг. + 0 кг. тежина = 1,170 кг
SEAT бензин: 1,170 кг. - 20 кг. тежина = 1,150 кг 
BMW: 1,155 кг. + 40 кг. тежина = 1,195 кг
Chevrolet Cruze: 1,170 кг. - 10 кг. тежина = 1,160 кг  
BMW (Независен): 1,180 кг  
Lada 110: 1,170 кг. - 20 кг. тежина = 1,150 кг
Lada Priora: 1,170 кг. + 40 кг. тежина = 1,210 кг  


(Врз основа на посебно одобрени од FIA, BMW ќе се натпреварува со 15 кг. помалку во однос на SEAT León TDI).

Трета по ред SEAT León Eurocup трка

Диего Пујо на ова трка од WTCC шампионатот ќе управува со SEAT León Eurocup, бидејќи на крајот од трката која се одржа во Брно се пласираше на првото место.
Покрај победата во Брно, Диего Пујо се наоѓа на водечката позиција на табелата заедно со Максимо Педала, со освоени 22 поени. После нив на табелата се наоѓа Мичел Матејовски кој заостанува со два поени и Норбет Мичелиш со освоено 18 поени. Претходните две трки се одржаа во Валенсија и Брно каде што беше докажано дека се уште неможе да се дефинира кој ќе биде конечниот победник. Се до овој момент, четири возачи имаат победено – Мичелис, Ларини, Роси и Пујо, а само тројца возачи успее да се најдат два пати на победничкиот подиум – Барт, Мичелис и Пујо.

Во Eurocup – от има околку 20 натпреварувачи каде што карактеристично е што за SEAT León Supercopa ова ќе биде трета трка. Патеката во Порто е единствената урбана патека во текот на цела сезона и малите улички се специфични за ова патека.

 
Програма
Недела, 5 Јули
13.30 – 14.00: Слободна тренинг сесија
16.30 – 17.00: Слободна тренинг сесија
 
Сабота, 4 Јули
11.15 – 11.30: Квалификации
16.30: Прва трка 
Недела, 5 Јули
14.20: Втора трка  
Lada Priora: 1,170 кг. + 40 кг. тежина = 1,210 кг