ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 




     
WTCC - 14.01.2009
Mакао - 26.11.2009
Mакао - 23.11.2009
Mакао - 18.11.2009
Окуама - 02.11.2009
Јапонија - 28.10.2009
Јапонијa - 28.10.2009
Италија - 22.09.2009
Италијa - 22.09.2009
Италија - 17.09.2009
Германијa - 07.09.2009
Порто - 02.07.2009
Германија - 07.09.2009
Имола - 07.09.2009
Порто - 20.07.2009
Брандс - 20.07.2009
Брандс - 15.07.2009
Португалија - 06.07.2009
Валенсија - 01.06.2009
Португалија - 12.06.2009
Валенсија - 29.05.2009
Портo - 18.05.2009
Пау - 15.05.2009
Мароко - 04.05.2009
Брно - 02.05.2009
Германија
Чешка
 

ПОСЛЕДНА ТРКА ОД EUROPEAN WTCC ШАМПИОНАТОТ ВО ИТАЛИЈА
SEAT Sport се соочува со неповолни услови

Press release, 17.09.2009

Последната трка од European шампионат во WTCC трките ќе се одржи овој викенд во Имола, Италија. SEAT Sport е сеуште лидер во генералниот пласман на шампионатот како во табелата на конструктори така и во табелата на возачи, со само еден поен разлика од потенцијалниот конкурент BMW. Трката претставува вистински предизвик особено што последните две трки ќе бидат одлучувачки и ќе се одржат на Азискиот контикнет или поточно во Јапонија и Макао.

Малата разлика во бодовите помеѓу конкурентите во шампионатот е резултат на неколкуте технички промени кои беа направени од страна на техничката регулатива откако започнувањето на сезоната.

Трката во Имола е огромен предизвик за тимот на SEAT. Сега е најпотребно да се освојат значајно повеќе бодови од своите конкуренти.

За италијанскиот возач на SEAT, Габриеле Тарквини, кој ја презеде лидерската позиција на крајот од трката во Осшерслебен, трката која ќе се одржи во Италија ќе биде огрoмен предизивк за него. Тарквини изјави: “WTCC е спектакуларен шампионат и сите негови фанови треба да дојдат и да ја проследат трката која ќе се одржи овој викенд во Имола бидејќи трката претставува една од највозбудливите од целиот шампионат. Остануваат уште само три трки до крајот на сезоната и немам намера да ја препуштам лидерската позиција на моите конкуренти.“

Габриеле Тарквини е во многу мало водство пред своите конкуренти. Втор на листата е Аугусто Фарфус од BMW, неговите тимски возачи од SEAT Иван Мулер и Рикард Рудел, како и Анду Приаулх од BMW.

 
Програма
Сабота, 19 септември
8:45 – 9:15: Слободна тренинг сесија
11:00 – 11:30: Слободна тренинг сесија
15:00 – 15:35: Квалификации
 
Програма
Недела, 20 септември
19:00 – 9:15: Загревање 
12:50: Прва трка - 11 круга со старт во движење
15:05: Втора трка – 11 круга со старт од место   


 
Минимална тежина на автомобилите за секој од учесниците
SEAT León TDI: 1,170 кг + 40 кг тежина = 1,210 кг
SEAT бензин: 1,170 кг - 20 кг тежина = 1,150 кг
BMW: 1,155 кг + 40 кг тежина = 1,195 кг
BMW (Независен): 1,180 кг
Lada 110: 1,170 кг - 20 кг тежина = 1,150 кг
   



(Врз основа на посебно одобрени од FIA, BMW ќе се натпреварува со 15 кг. помалку во однос на SEAT León TDI).


ПОСЛЕДНА ТРКА ОД SEAT LEÓN EUROCUP
Тројца потенцијални победници


Поради минимална разлика во поени помеѓу Норбет Мичелис, Максимилиан Педала и Диего Пујо, последната трка во Имола ќе биде доста возбудлива бидејќи крајот од трката ќе биде одлучувачка.

Системот на бодувањето во Eurocup шампионатот се базира на елиминирање на двајца возачи кои имаат реализирано најлоши резултати во финалната квалификација. Како резултат на тоа, секој од возачите веќе имаат по два пати реализирано лоши резултати, поради што секој освоен поен ќе биде од големо значење. Мичелис има 56 поени, Педала 45 поени и Пујо 42 поени, поради што и тројцата се потенцијални победници за сезонава.

Андреа Ларни ќе биде дел од WTCC трката во Имола откако имаше успешен резултат во Осшерслебен. За првпат досега трка од Eurocup шампионатот се одржува во Имола.

 
Програма
Петок, 18 септември
10:.00 – 10:30: Слободна трнинг сесија
15:00 – 15:30: Слободна тренинг сесија
 
Програма
Сабота, 19 септември
10:15 – 10:45: Квалификации
16:20: Прва трка
15:05: Втора трка – 11 круга со старт од место   
Недела, 20 септември
10:35: Втора трка