ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 




     
WTCC - 14.01.2009
Mакао - 26.11.2009
Mакао - 23.11.2009
Mакао - 18.11.2009
Окуама - 02.11.2009
Јапонија - 28.10.2009
Јапонијa - 28.10.2009
Италија - 22.09.2009
Италијa - 22.09.2009
Италија - 17.09.2009
Германијa - 07.09.2009
Порто - 02.07.2009
Германија - 07.09.2009
Имола - 07.09.2009
Порто - 20.07.2009
Брандс - 20.07.2009
Брандс - 15.07.2009
Португалија - 06.07.2009
Валенсија - 01.06.2009
Португалија - 12.06.2009
Валенсија - 29.05.2009
Портo - 18.05.2009
Пау - 15.05.2009
Мароко - 04.05.2009
Брно - 02.05.2009
Германија
Чешка
 

ПОСЛЕДНА ТРКА ОД ПРВИОТ ДЕЛ НА WTCC ШАМПИОНАТОТ

Press release, 15.07.2009

Патеката во Брандс Хатч е една од познатите традиционални европски патеки на која се одржуваат голем број на автомобилски трки, а овој пат ќе биде домаќин на осмата трка по ред од WTCC шампионатот која ќе се одржи на 19 јули пред да започне паузата за време на летните одмори. Тимот на SEAT Sport се подготвува за ова трка со оглед на тешката патека, која не е ниту малку слична со патеката од последната трка во Порто.

Патеката во Брандс Хатч има неколку сличности со патеката во Брно. Сличноста во патеката е во острите нагорнини и неколку рамни делови на патеката, како и познатите “Paddock Hill Bend” кои претставуваат предизвик за ова трка. Поради овие карактеристики, тежината на товарот има голема улога особено за возилата со погон на предните тркала. Поради тоа тимот на инженери на SEAT Sport работат напорно за да може да ја избалансираат тежината на товарот од 40кг. со која ќе биде оптоварен автомобилот.

Покрај овој недостаток, тимот секогаш успева да освои максимално најдобри поени, дури и во моменти кога условите не биле толку поволни и како резултат на тоа од почетокот на шампионатот останаа лидери и ја зацврстија позицијата во табелата на возачи и во табелата на конструктори. Целта на SEAT Sport тимот останува иста и за време на трката на патеката во Брандс Хетч - освојувањето на значајните поени за време на трката во Порто SEAT Sport тимот има можност да ја зачува истата позиција пред почетокот на паузата за летните одмори. По завршувањето на седум трки од шампионатот, SEAT има 17 поени предност пред BMW и 70 поени пред Chevrolet. Додека пак, Иван Мулер има 14 поени пред Габриеле Тарквини и 15 пред Агуст Фарфус.

SEAT успеа во 2006 година на истата патека да поентира со освојување на трите победнички позиции на победничкиот подиум. Ова беше историска победа и сеуште претставува трка со најдобар резултат со кој се има здобиено тимот на SEAT. Всушност, би било премногу тешко да се очекува дека би се повторил истиот резултат, но сепак претставува мотивација за тимот на SEAT Sport.
Прогарма:

 
Сабота, 18 јули
09.00 – 09.30: Слободна тренинг сесија
11.15 – 11.45: Слободна тренинг сесија
15.00 – 15.35: Квалификација
4. Ф.Бартх + 9.129
5. Џ.M.КлаиретC + 9.400
6.Џ.Ибран + 20.993
7.O.Петриков + 21.228
8. T.Коронел + 25.480
9.Р. Кампуес + 26.764
10.A.Маркин + 32.108
 
Недела, 19 јули
10.00 – 10.15: Загревање
11.50: Прва трка 11 круга со старт во движење 
16.05: Втора трка 11 круга со старт од место   

 

Тежина на товарот за возилата на секој од учесниците
SEAT León TDI: 1,170 кг + 40 кг тежина = 1,210 кг
SEAT бензин: 1,170 кг - 20 кг тежина = 1,150 кг
BMW: 1,155 кг + 40 кг тежина = 1,195 кг
Chevrolet Cruze: 1,170 кг + 10 кг тежина = 1,180 кг
BMW (Независен): 1,180 кг
Lada: 1,170 кг - 20 кг тежина = 1,150 кг
   


(Со одобрение од FIA, BMW ќе се натпреварува со 15 кг помалку во однос на SEAT León TDI)
 

Четвртата трка од SEAT León Eurocup

Диего Пујо ја заврши трката во WTCC шапионатот во Порто и на крајот од викендот успеа да освои доволно поени за да се пласира на лидерската позиција од SEAT León Eurocup. Наредната трка ќе се одржи на патеката во Брандс Хатч, каде што Норберт Мичелиз ќе се натпреварува на двете трки – на трката од WTCC шампионатот и на трката од Eurocup.

Според правилата на Eurocup, еден возач неможе да се натпреварува на две трки од WTCC шампионатот, поради тоа победниот од минатата недела Диего Пујо мораше да го отстапи своето место на Мичелиз кој сега ќе се натпреварува за време на WTCC трката. Ова ќе биде за Мичелиз втор пат да се натпреварува за време на WTCC шампионатот, а првиот пат беше дел од шампионатот во Јапонија на патеката во Окаума.

Во текот на ова сезона само на патеката во Порто, Фреди Барт и Мичелиз победија на последните трки минатата недела, но резултатот беше најповолен за Пујо кој во моментот има шест поени повеќе од второ пласираниот на табелата. Мичелиз и Максимо Педала, во моментот имаат 30 поени, со што ќе се вложат напори да победат за време на трката во Брандс Хатч.
Во текот на првите три натпревари од Eurocup како победници се пласираа пет различни возачи во шест трки – два пати како победник се пласираше Норбет Мичелиз, Андреа Ларини, Мичел Роси, Диего Пујо и Фреди Барт.

 
Eurocup табела
Петок, 17 јули
09.00 – 09.30: Слободна тренинг сесија
12.10 – 12.40: Слободна тренинг сесија
15.45 – 16:15: Квалификација
 
Сабота, 18 јули
16.05: Прва трка
Недела, 19 јули