ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 




     
WTCC - 14.01.2009
Mакао - 26.11.2009
Mакао - 23.11.2009
Mакао - 18.11.2009
Окуама - 02.11.2009
Јапонија - 28.10.2009
Јапонијa - 28.10.2009
Италија - 22.09.2009
Италијa - 22.09.2009
Италија - 17.09.2009
Германијa - 07.09.2009
Порто - 02.07.2009
Германија - 07.09.2009
Имола - 07.09.2009
Порто - 20.07.2009
Брандс - 20.07.2009
Брандс - 15.07.2009
Португалија - 06.07.2009
Валенсија - 01.06.2009
Португалија - 12.06.2009
Валенсија - 29.05.2009
Портo - 18.05.2009
Пау - 15.05.2009
Мароко - 04.05.2009
Брно - 02.05.2009
Германија
Чешка
 

АНДРЕА ЛАРИНИ ЌЕ БИДЕ ЕДЕН ОД ВОЗАЧИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА WTCC ТРКАТА ВО ИМОЛА

Press release, 07.09.2009

Одлична трка за победниците Мичелис и Коронел за време на SEAT León Eurocup во Осшерслебен Овој викенд, трката од SEAT León Eurocup која се одржа на Осшерселен патеката, беше доста возбудлива за сите љубители. Првата трка, се одржа во саботата и финишираше со победа на Норбет Мичелис, беше една од подобрите трки во текот на овој шампионат, додека пак трката која се одржа во неделата резултираше со победа на Том Коронел. Најдобриот возач во коминација со најдобар резултат во текот на двете трки беше Андреа Ларини, кој благодарение на двете места од победничкиот подиум кои ги освои во текот на првата и втората трка, беше награден со можност да се натпреварува за време на WTCC шампионатот на патеката во Имола и тоа управувајќи со SEAT León WTCC автомобил.

Во текот на втората трка, која се одржа во неделата, лидерот Фреди Барт ја имаше лидерската позиција се додека не беше казнет од страна на раководството на шампионатот поради инцидентот кој го предизвики во еден од свиоците, заедно со возачот Том Коронел, кој е всушност еден од потенцијалните победници заедно со Роси, Ларини и Дудукало.

Четврта победа за Норбет Мичелис

Мичелис немаше многу успешен старт; инцидентот кој се случи во првиот круг беше резултат поради што тој беше вратен на петтата позиција, позади Матејовски, Хатвани, Ларини и Фулин. Додека се опоравуваше од новиот тек на работите, изненадување приреди унгарскиот возач Балинт Хатвани кој не само што заврши како второ пласиран на втората трка, туку ја имаше и лидерската позиција во текот на четвртиот круг.

Во наредните три последователни круга, Мичелис го претекна Ларини и Матејовски, приредувајќи спектакуларна трка и заземајќи ја лидерската позиција во текот на тринаесеттиот круг, притоа користејќи ја предноста пред Хатвани, на кој во текот на трката дојде до проблем на неговиот екран. Од тој момент се случија неколку измени во текот на трите наредни круга, овозможувајќи му на Мичелис да ја понесе четвртата победа во текот на ова сезона.

Наредната трка од SEAT León Eurocup 2009 шампионатот ќе се одржи во Имола, Италија на 19 / 20 септември.

Пласман 1ва трка
1. Н. Мичелис 28.07.8047
2.A.Ларини + 5.388
3. П.Фичин + 6.181
4. Ф.Бартх + 9.129
5. Џ.M.КлаиретC + 9.400
6.Џ.Ибран + 20.993
7.O.Петриков + 21.228
8. T.Коронел + 25.480
9.Р. Кампуес + 26.764
10.A.Маркин + 32.108
 
2ра трка
1.T.Кореонел, 23.19.185
2.M.Роси + 0.012 
3.A.Ларини + 6.356  
4.Н.Мичелис + 6.638
5.M.Педала + 7.658
6.A.Дудукало + 11.342
7.M.Матејовски + 12.765
8.Б.Хатвани + 13.458
9.Ф.Бартх + 13.798
10.Џ.M.Клаирет + 20.609

 

Генерален пласман:
1.Н. Мичелис, 61
2.M.Педала, 44
3.Д.Пујо, 42
4.Ф.Бартх, 35
5.A.Ларини, 34