ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 




     
WTCC - 14.01.2009
Mакао - 26.11.2009
Mакао - 23.11.2009
Mакао - 18.11.2009
Окуама - 02.11.2009
Јапонија - 28.10.2009
Јапонијa - 28.10.2009
Италија - 22.09.2009
Италијa - 22.09.2009
Италија - 17.09.2009
Германијa - 07.09.2009
Порто - 02.07.2009
Германија - 07.09.2009
Имола - 07.09.2009
Порто - 20.07.2009
Брандс - 20.07.2009
Брандс - 15.07.2009
Португалија - 06.07.2009
Валенсија - 01.06.2009
Португалија - 12.06.2009
Валенсија - 29.05.2009
Портo - 18.05.2009
Пау - 15.05.2009
Мароко - 04.05.2009
Брно - 02.05.2009
Германија
Чешка
 

Три места на победничкиот подиум беа резервирани за SEAT во Осшерслебен

Press release, 07.09.2009

SEAT ја задржа лидерската позиција на WTCC шампионатот по завршувањето на двете трки кои се одржаа овој викенд во Германија, Осшерслебен. Напорите кои ги вложи SEAT Sport тимот, резултираа со освојување на три места на победничкиот подиум, две подиумски места за Тарквини и едно за Рудел, овозможувајќи им да ја задржат лидерската позиција на главниот пласман во табелата на конструктори и во табелата на возачи, со единствена измена што сега на врвот на табелата на возачи се наоѓа Габриеле Тарквини.

Меѓутоа, разликата помеѓу потенцијалните победници на овој шампионат е многу мала и неизвесна, што всушност беше предвидено од страна на тимот на инженери. BMW заостанува со само два поени од SEAT во табелата на конструктори, исто како и Габриеле Тарквини кој ја има истата ова предност од два поени пред Агусто Фарфус, кој во моментот е второ пласиран во табелата на возачи. Иван Мулер по завршувањето на ова трка се пласираше на третата позиција поради инцидентот кој се случи за време на првата трка.

Стартувајќи од одлична позиција, Габриеле Тарквини ја зазеде лидерската позиција во текот на првата трка следен од страна на Рикард Рудел, се додека не беа и двајцата поминати од страна на Ендру Приаулх. Двајцата возачи на SEAT успеаа да ја задржат нивната позиција се до крајот на трката поентирајќи со одлични поени. Останатите тимски возачи во SEAT Sport тимот имаа лоша среќа – Хорди Гене и Тиаго Монтеиро беа инволвирани во несреќа во еден свиок, а Иван Мулер имаше несреќа кога дојде во допир со автомобилот на Аугусто Фарфус.

Во втората трка, Габриеле Таркивини имаше извонредни перформанси обезбедувајќи си ја третата позиција иако трката ја започна со својот автомобил SEAT León TDI од осмата позиција со што на крајот од втората трка успеа уште еднаш да се најде на победничкиот подиум, а со самото тоа си ја обезбеди лидерската позиција во табелата на возачи. Исто така, Иван Мулер кој ја започна трката меѓу последните на патеката успеа да го освои седмата позиција и со тоа да се здобие со одлични резултати кои може да бидат решавачки за крајниот пласман во сезоната.

Хорди Гене ја заврши многу брзо трката уште на самиот старт, додека пак Рикард Рудел немаше успешен старт. Тиаго Монтеиро иако ја започна успешно трката, сепак во последниот круг беше удрен од друг возач.

Огромни напор вложуваат сите возачи на SEAT тимот со оглед на направените промени во техничката регулатива која беше спроведена на почетокот на шампионатото, поради што се намали темпото кое може да го постигнат сите Leon TDI автомобили. Под овие околности, борбата против сите конкуренти стана исклучително тешка како што изјави еден од најдобриот возач во SEAT тимот, Габриеле Тарквини: “Малку сум разочаран поради измените бидејќи и покрај одличните перформанси и позиции кои ги имам, јас го немам потребното темпо за да се борам против моите ривали. FIA ги намали перформансите на автомобилите и ние неможеме ништо да направиме во однос на ова. Сепак сум многу среќен поради лидерската позиција која ја имам, иако знам дека трката на патеката Имола ќе биде многу потешка отколку минатата година.“
 
1ва трка
1.Приаулх (BMW) 22.52.247
2.Тарквини (SEAT) + 3.939
3.Рудел (SEAT) + 6.350
4.Коронел (SEAT) + 15.398
5.Ларини (Chevrolet) + 22.502
6.Фарфус (BMW) + 22.553
7.Д’Асте (BMW) + 22.749
8.Енгстел (BMW) + 23.044
9.Хернандез (BMW) + 23.392
19.Монтеиро (SEAT)
 
2ра трка
1.Фарфус (BMW) 22.58.530
2.Праиаулх (BMW) + 0.644 
3.Тарквини (SEAT) + 5.177  
4.Мулер (BMW) + 7.976
5.Хернандез (BMW) + 8.661
6.Ларини (Chevrolet) + 13.596
7.Мулер (SEAT) + 18.835
8.Коронел (SEAT) + 19.170
9.Хуф (Chevrolet) + 25.377
10.Мену (Chevrolet) + 26.383
11.Руфел (SEAT) + 26.787
12Монтеиро (SEAT) + 29.148

 

Генерален пласман на возачите
1.Тарквини (SEAT) 91
2.Фарфус (BMW) 899
3.Мулер (SEAT) 84
4.Приаулх (BMW) 66
5.Рудел (SEAT) 61
6.Mулер (BMW) 58
7.Хуф (Chevrolet) 54
8.Монтеиро (SEAT) 34
9.Хернандез (BMW) 33
10.Гене (SEAT) 32
 
Генерален пласман на конструктори
1.Тарквини (SEAT) 91
2.Фарфус (BMW) 899
3.Мулер (SEAT) 84
4.Приаулх (BMW) 66
5.Рудел (SEAT) 61
6.Mулер (BMW) 58
7.Хуф (Chevrolet) 54
8.Монтеиро (SEAT) 34
9.Хернандез (BMW) 33
10.Гене (SEAT) 32