ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 




     
WTCC - 14.01.2009
Mакао - 26.11.2009
Mакао - 23.11.2009
Mакао - 18.11.2009
Окуама - 02.11.2009
Јапонија - 28.10.2009
Јапонијa - 28.10.2009
Италија - 22.09.2009
Италијa - 22.09.2009
Италија - 17.09.2009
Германијa - 07.09.2009
Порто - 02.07.2009
Германија - 07.09.2009
Имола - 07.09.2009
Порто - 20.07.2009
Брандс - 20.07.2009
Брандс - 15.07.2009
Португалија - 06.07.2009
Валенсија - 01.06.2009
Португалија - 12.06.2009
Валенсија - 29.05.2009
Портo - 18.05.2009
Пау - 15.05.2009
Мароко - 04.05.2009
Брно - 02.05.2009
Германија
Чешка
 
 


FIA WTCC дебитираше во Африка

SEAT Sport освои три финални позиции во Маракечи
Возачите на SEAT Sport освоија три финални позиции во Маракечи на третата WTCC трка која се одржа во Мароко. Габриеле Тарквини и Хорди Гене ја завршија трката како второ и трето пласирани во првата трка, додека пак Иван Мулер ја освои втората позиција на втората трка, зацврстувајќи ја позицијата на SEAT во шампионатот.

Трка 1

Роберт Хаф од Chevrolet ја бранеше својата стартна позиција пред Габриеле Тарквини, Иван Мулер и Хорди Гене. Пресвртницата која се случи во првата трка резултираше со излегување на Рикард Рајдел надвор од трката, поради проблеми со суспензијата и не беше возможно истото да се поправи за да може да ја стартува втората трка.

Хаф го издржа притисокот од страна на SEAT возачите во текот на целата трка иако Тарквини не презеде никаков ризик, ниту пак беше во можност да направи маневрирање за да ја смени ситуацијата, поради што се позиционираше како втор. Гене го помина Иван Мулер во последните два круга, додека пак Тиаго Монтеиро ја заврши трката веднаш по Френчман, овозможувајќи одличен резултат во табелата.

Трка 2

Иван Мулер ја имаше дефинитивно главната улога во трката, најпрво движејќи се од петтото на второто место по одличната борба која ја водеше со Хаф и Жорг Мулер (BMW). Тимот на SEAT Sport му обезбеди позиција веднаш зад Никола Ларини и во текот на трката правеше притисок врз ривали се до целта.
Како петто пласиран беше Габриеле Тарквини и Тиаго Монтеиро која заврши како седми, со што се овозможи добивање на поени во шампионатот. Хорди Гене не беше во состојба да стартува на втората трка бидејќи имаше проблеми во текот на подготвителниот круг.

Мароканецот Махид Бенани, кој е позади воланот на SEAT Leon WTCC од Ехагон тимот, имаше одлични перформанси, победувајќи во класификацијата на независен возач во првата трка иако заврши како девето пласиран.
Наредната трка од шампионатот е во Франција, Пау на 16 / 17 мај.

Главните возачи

Возачите на SEAT генерално беа задоволни од постигнатите резултати овој викенд. Иван Мулер изјави:“Јас сеуште имам одлични можности и одллична позиција, меѓутоа ова е долг шампионат и ќе мора да почекаме“. Габриеле Тарквини додаде: “Неможеш секогаш да победиш, но наша цел е да поентираме во секоја трка, што всушност и го правиме тоа“. Хорди Гене потврди: “Ќе биде многу тесна и тешка борба, потешка од минатата година и јас го делам мислењето на мојот тим: поентирањето секогаш е клучно во победата“.

 
Трка 1
1. R.Huff (Chevrolet)
2. G.Tarquini (SEAT León TDI), +1”729
3. J.Gené (SEAT León TDI), + 52583
5. T. Monteiro (SEAT León TDI), 7”410
12. R.Rydell (SEAT León TDI), Ab
 
Трка 2
1. N.Larini (Chevrolet)
2. Y.Muller (SEAT León TDI), 1”399 
5. G.Tarquini (SEAT León TDI) + 3”068  
7. T,Monteiro (SEAT León TDI), + 4”907 NS. J.Gené (SEAT León TDI) NS. R.Rydell
(SEAT León TDI)

Табела со поени
1st Y.Muller, 43
2nd G.Tarquini, 31
3rd R.Rydell, 30
4th J.Gené, 24
5th A.Farfus, 23
6th R.Huff, 16
7th A.Priaulx, 16
8th N.Larini, 14
9th J.Muller, 14
10th S.Hernández, 7
 
Трка 2
1st SEAT, 93
2nd BMW, 64 
3rd Chevrolet, 51  
4th Lada, 24