ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 




     
WTCC - 14.01.2009
Mакао - 26.11.2009
Mакао - 23.11.2009
Mакао - 18.11.2009
Окуама - 02.11.2009
Јапонија - 28.10.2009
Јапонијa - 28.10.2009
Италија - 22.09.2009
Италијa - 22.09.2009
Италија - 17.09.2009
Германијa - 07.09.2009
Порто - 02.07.2009
Германија - 07.09.2009
Имола - 07.09.2009
Порто - 20.07.2009
Брандс - 20.07.2009
Брандс - 15.07.2009
Португалија - 06.07.2009
Валенсија - 01.06.2009
Португалија - 12.06.2009
Валенсија - 29.05.2009
Портo - 18.05.2009
Пау - 15.05.2009
Мароко - 04.05.2009
Брно - 02.05.2009
Германија
Чешка
 
 


WTCC ШАМПИОН
Габриеле Тарквини ја понесе дологоочекуваната титула

Press release,  26.11.2009

Габриеле Тарквини е ветеран во WTCC шампионат. Со огромен ентиузијазам 47 годишниот возач кој е уште од самиот почеток во тимот на SEAT Sport, стана седмиот по ред италијански возач кој има понесено шампионска титула. Тео Фаби пред единаесет година се закити со шампионска титула, а после него следеа Нино Фарина, Алберто Аскари, Мауро Балди, Роберто Раваглиа и Масимо Басион. Тарквини постигна одлични резултати и на 47 година тој е ветеран во автомобилскиот спорт пред возачот Хуан Мануел Фангио.


За многу краток период, Габриеле успеа да направи пресврт во генералниот пласман на возачи и да се изкачи на првата позиција и успешно да се прилагоди на секоја ситуација на патеката. Тој е дел од SEAT фамилијата уште од 2006 година, а прето тоа има изградено кариера и учествувано за време на трки и настани кои се одржуваат во Британија, Германија како и на трките во Италијанскит Шампионат на туристички автомобили. Неколку години претходно, тој беше возач во Форума 1, но не успеа да најде автомобил кој е соодветен на неговите квалитетни возачки способности.

Уште во текот на првата сезона Тарквини со неговиот автомобил SEAT León WTCC успеа на патеката во Истамбул да ја забележи својата прва победа, откако го претекна неговиот тимски возач Петар Тертинг. Во крајниот генерален пласман на шампионатот успеа да ја добие петтата позиција.

Неговата втора победа со SEAT ја забележа во 2007 година во Зандворт и тогаш уште еднаш успеа да му покаже на тимот колкави се неговите способности и квалитети. За време на трката температурата беше пониска од очекуваните и Габриеле знаеше дека гуми (пневматици) нема да издржат , поради тоа неговата стратегија беше во текот на првата трка да им парира на неговите ривали за да ги истрошат гумите (пневматиците), за да може во текот на вториот дел од трката да ја заземе првата позиција.

Со овие способности успеа да изгради одлична кариера и способност да се снајде во секоја ситуација во текот на трките. Со неговата интуиција успеа да ги искористи слабите страни на неговите ривали и да ги истане неговите способности.

Во 2008 година бше второпласиран после неговиот тимски возач Иван Мулер, забележувајќи одлични резултати за време на трките во Куритиба, Брно и Монца. Истотака, имаше огромни заслуги во освојувањето на “Првенствтото на конструктори“ во WTCC шампионатот. Ова сеозна (сезона 2009) успеа да ја освои титулата Шампион во WTCC благодарение на победите кои ги оствари во Куритиба, Порто и Имола, како и на одличните пет пол позиции – рекордно најмногу за ова сезона.

Тој е многу презицен возач со изострени возачи способности. За време на една трка Тарквини се врати во боксот бидејќи имаше проблеми со радиото во неговиот автомобил. Инженерот Џанкарло Бруно кој работи во тимот на SEAT во најбрз рок успеа да го поправи и му овозможи на Тарквини да се врати безбедно на патеката. Покрај притисокот кој го имаше Тарквини за време на квалификациите успеа да ја освои пол позицијата.

Тарквини е истотака љубител на фудбалот и на фудбалскиот клуб Милан. Кога неговиот има има натпревар, тој ги прави наголемите напори за да биде во можност да го следи натпреварот, безразлика каде во светот се наоѓа во моментот.

Сега неговите животни приорити се променети и целото негово внимание е насочено кој неговото семејство, сопруга Беатрис и неговите две дела 4 годишната Џулија и 3 годишниот Матео.
     
Шампионски титули:
2009: WTCC (3 победи – Куритиба, Порто и Имола.SEAT León TDI)
2008: Второпласиран во WTCC (3 победи - Куритиба,Брно и Монца.SEAT León TDI WTCC)
2007: 8ма позиција, WTCC (1 победа - Зандворт)
2006: 5та позиција, WTCC (1 победа – Истамбиул. SEAT León WTCC)
2005: 7ма позиција, WTCC
2004: 3та позиција, ETCC
2003: 1ва позиција, ETCC
2002: ETCC
2001: 3та позиција, ESTCC
2000: 6та позиција, BTCC
1996: Интернационален Шампионат за Туристички Автомобили
1995: BTCC и DTM
1994: Шампион, BTCC
1993: 3та позиција, ITCC
1987-1992: Формула 1
1985: 5та позиција, Европскиот F3 Шампионат
1975-1984: Картинг