ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 




     
WTCC - 14.01.2009
Mакао - 26.11.2009
Mакао - 23.11.2009
Mакао - 18.11.2009
Окуама - 02.11.2009
Јапонија - 28.10.2009
Јапонијa - 28.10.2009
Италија - 22.09.2009
Италијa - 22.09.2009
Италија - 17.09.2009
Германијa - 07.09.2009
Порто - 02.07.2009
Германија - 07.09.2009
Имола - 07.09.2009
Порто - 20.07.2009
Брандс - 20.07.2009
Брандс - 15.07.2009
Португалија - 06.07.2009
Валенсија - 01.06.2009
Португалија - 12.06.2009
Валенсија - 29.05.2009
Портo - 18.05.2009
Пау - 15.05.2009
Мароко - 04.05.2009
Брно - 02.05.2009
Германија
Чешка
 
 


ФИНАЛНАТА ТРКА ВО МАКАО
seat повторно шампион во wtcc шампионатот!

Press release,  23.11.2009

Апсолутен успех на SEAT во WTCC шампионатот. Тимот на SEAT Sport успеа на патеката во Макао да ги освои шампионските титули во “Првенството на конструктори“, во “Првенството на возачи“ како и во “Првенствтото на независни возачи“ од WTCC шампионатот.Тимот на SEAT и Габриеле Тарквини се шампиони ова сезона, а Иван Мулер иако цела сезона беше на првата позиција го освои второто место, додека пак Том Коронел го освои трофејот на “Независни возачи“, со тоа SEAT на овој шампионат ги победи BMW, Chevrolet и Lada со два автомобили во “Првенството на конструктори“ - SEAT Leon TDI и SEAT Leon WTCC.


Ова година SEAT ги бранеше двете титули од шампионатот кои ги освои минатата сезона, притоа остварувајќи триумфален успех на крајот од овој шампионат, иако сезоната 2009 ја одбележа регулатирвните лимити кои ги ограничија перформанските на SEAT Leon TDI. Сепак и покрај органичувањата кои беа воведени со тимска работа на сите членови во SEAT Sport тимот успеа да се избори и да ги освои двете шампионски титули.

Тимската работа и тимскиот дух беше од суштинско значење по завршувањето на комплицираната квалификација. Во петокот, Габриеле Тарквини и Иван Мулер ги завршија квалификациите откако имаа сериознен инцидент поради кој автомобилите беа оштетени. По огромните напори кои ги вложија механичарите успеаа да ги подготват за финалната трка, на која петте возачи на SEAT Sport тимот поставија одлична стратегија која им овозможи да ја понесат двојната титула.

Во првата трка, одличен старт имаа Тиаго Монтеиро, Хорди Гене и Габриеле Тарквини кои им овозможија на возачите на SEAT да се позиционираат на втората, третата и четвртата позиција без притоа да прават дополнителен ризик и да ги загрозат своите позиции. Со стратегијата која ја имаа беше со цел да освојат поголем број на поени со кои обезбедија можност за осовјување на титулите. Тарквини ја заврши трката на втората позиција пред Гене и Иван Мулер на петатта позиција и Монтеиро на шестата. Овие позиции и поените кои ги освоија овозможија да ги освојат шампионските титули.

Втората трка беше многу потактички реализирана, со Иван Мулер на третата позиција следен од Монтеиро и Гене, а Габриеле Тарквини успеа да се придвижи на шестата позиција. Тарквини го претекнуваше Гене притоа чувајќи ја позицијата цело време во текот на трката. Инцидентот кој се случи помеѓу возачите во последните редови овозможи возачот на SEAT Габриеле Таркини да ја заврсти својата позиција.Во категоријата на “Независни возачи“ Том Коронел победи во првата трка, што му овозможи да ја освои по втор пат титулата во тимот нa SEAT.Со неговата победа, Габриеле Таркивни стана седмиот по ред италијански возач кој има осовено шампионска титула. Пред единаесет години шапионската титула ја имаше осовено Тео Фаби, а после него следнуваа Нино Фарина, Алберто Асцари, Мауро Балди, Роберто Равагли и Масимо Биасионо. Таркини истотака забележа одличен резултата, тој со своите 47 години е ветеран во спортот поминувајќи го Хуан Мануел Фангио.

Ова е петта светска титула за шпанскиот бренд, со освојување на титулите во 1996, 1997 и 1998 со автомобилот Ibia Kit и титули од WTCC шампионатот во 2008 и 2009 година со автомобилот León TDI WTCC.

Габриеле Тарквини:“Одлично е чусвствтото да се освои шампионската титула после толку години напорна работа и долга кариера. Го започнав викендот со одредени тешкотии, но успешно ги надминав со помош на тимот и на механичари кои ми овозможија да учествувам во финалната трка која ми беше огромна можност за да ја освојам титулата. Ова беше навистина тежок шампионат, многу возбудлив со цел да се освојат повеќе поени и да се победат двајца квалитетни ривали како што се Иван Мулер и Агусто Фарфус.

Џејми Пуиг, Директор на SEAT Sport: “Освојувањето на шампионските титули по втор пат е навистина одличен успех кој го реализиравме благодарени на огромните напори кои ги вложија сите во тимот. Трката во Макао уште еднаш го докажа тимскиот дух и мотото дека сите работиме за успех на тимот. Откако ги освоивме двете шампионски титули мината година, нашата цел беше за ова сезона беше да освоиме барем една од титулите иако се боревме за двете шампионски титули, за на крајот да оствариме одличен резултат.“

 
Генерален пласман Трка 1:
1. Р.Хуф (Chevrolet)
2. Г.Тарквини(SEAT León TDI)
3. Х.Гене(SEAT León TDI)
4. Е.Мену (Chevrolet)
5. И.Мулер (SEAT León TDI)
6. T.Монтеиро (SEAT León TDI)
7. Х.Милер (Chevrolet)
8. A.Фарфус (BMW)
9. A.Занарди (BMW)
11. Р.Рудел (SEAT León TDI)
 
Генерален пласман Трка 2:
1. A.Фарфус (BMW)
2. Х.Милер (BMW)
3. И.Мулер (SEAT León TDI)
4. T.Монтеиро (SEAT León TDI)
5. Г.Тарквини (SEAT León TDI)
6. Х.Гене (SEAT León TDI)
7. Н.Ларини (Chevrolet)
8. Р.Хуф (Chevrolet)
9. A.Занарди (BMW)
10. Р.Рудел (SEAT León TDI)

Првенство на конструктори:
1. SEAT, 314 поени
2. BMW, 311 поени
3. Chevrolet, 215 поени
4. Lada,83 поени
 
Превенство на возачи:
1. Г.Тарквини (SEAT) 127 поени
2. Х.Милер (SEAT) 123 поени
3. A.Фарфус (BMW) 113 поени
4. A.Приаулх (BMW) 84 поени
5. Р.Хуф (Chevrolet) 80 поени
6. Х.Милер (BMW) 76 поени
7. Р.Рудел (SEAT), 64 поени
8. Х.Гене (SEAT) 48 поени
9. T.Монтеиро (SEAT) 44 поени
10. Е.Мену (Chevrolet) 39 поени