ДОМА ЗА НАС SEAT-гени НОВОСТИ КОНТАКТ СЕРВИС
НОВАТА
 
 

Старт

  Галерија
  Модели
  Карактеристики
    Дизајн
    Технологија
  Перформанси
  Мотори
  Бои и Материјали
  Каталог
  Превземи
  Ценовник
Гамата на SEAT

Опремена да го чувствува ритамот на патот


 
 
   
 


Не велиме дека не сте совршен возач, но новата SEAT Ibiza има најсовремена технологија да им помогне на вашите сетила.

Совршенство што се грижи за вас. И уште повеќе



Брзата реакција на динамично управување на SEAT: обележје што го прилагодува управувањето на електронскиот управувачки систем со брзината на возилото и условите на патот.
Со што се овозможува безбедност и прецизност при секое вртење.




Серво –управувачки механизам (прилагодлив според брзината со која се движи возилото)
е уште една од карактеристиките кај новата SEAT Ibiza, кадешто добивате помош при управувањето, го олеснува вртењето при мала брзина и го окрутува возењето  голема брзина. Посебно ви помага при паркирање, и постабилно управување при брзина. За ваше олеснување вклучени се: ABS (Anti Block System), електронската програма за стабилност - ESP (Electronic Stability Programme) и системот против пролизгување, TCS (Traction Control System).







Само поставете ги вашите раце на управувачот или управувачката табла и веднаш ќе забележите лесен пристап на повеќе копчиња со што контролирате повеќе функции. Со вградената Bluetooth конекција добивате можност да ja прилагодите аудио опрема или да оперирате со вашиот мобилен телефон во два потега. Можете да ги раководите вашите повици преку гласовна команда и да продолжите да возите. “Хјустон, во контакт сме”!  



Кога веќе зборуваме за музика – ви нудиме Radio / CD / MP3-player, 6 звучници и USB приклучок преку што можете да го врзете и вашиот омилен iPod ®.


Внатре, во Stylance и Sport верзиите, мулти функционалната табла е опремена со најнов дисплеј што го известува возачотза сите информации, потребни за совршено контролирано возење.
Овој патен компјутер комуницира со вас со едно притискање на копчето, соопштувајќи ви точно време, време изминато во возење од старување на возилото, просечна брзина, потрошувачка на гориво, измината километража и дистанца која можете да ја изминете пред да дополните гориво и надворешна температура за што секогаш се прашуваме и не знаеме дали да понесеме јакна илиу не кога излегуваме надвор.


Клима уредот или климатроникот значи дека имате адекватна температура без разлика на надворешните услови. Доколку дојде до промена на надворешната температура, новата SEAT Ibiza ќе се погрижи и за тоа. Само држете ги вашите прозори затворени и слободно проверете ја температурата на предниот ретровизор. За среќа, знаеме кои работи ни се важни.



Можеби се чувствувате како специјалист за светло досега, читајќи за сите функции на предните светла на новата SEAT Ibiza. Слушнете го и ова, Нашите предни светла имаат уште една функција што се вика “Враќање дома” (Coming Home Function) како дел од стандардниот пакет во Stylance верзија.  Ова практично значи дека се дезактивираат по 30 секунди откако сте го напуштиле возилото, такашто имате време да се врткате околу вашето возило или пак не морате да трчате назад од вашиот дом или канцеларија за да ги исклучите светлата. Ако сте од тие типови на луѓе.