Лесно е да се гледа убавина, но исто така е лесно да се гледа низ убавото доколку нема никаква содржина, нешто што го нарекуваме душа. Како и да е, на вистинскиот карактер му треба силно срце за да може да блеска.
Во срцето на новатa SEAT Ibiza можете да сретнете неколку мотори што нудат доволна моќ за да ја почувствувате страста. По ваш избор можете да одберете помеѓу неколку спецификации на мотори, од економичен 1.2 литарски бензинец до моќен дизел агрегат.
Кој мотор и да го одберете, сите нудат совршен вртежен момент и брзина што на новата SEAT Ibiza даваат динамично и агилно возење, покажувајќи го вистинскиот дух на SEAT, нудејќи ви посебно искуство при секое влегување во автомобилот, при секое притискање на педалата за забрзување.
Имате некакво прашање? Ајде да зборуваме за можностите за уживање.
Постојат три вида на бензински мотори меѓу кои може да одберете: 1.6 105 КС(наскоро достапен во Македонија), 1.4 85 КС и 1.2 70 КС. Доколку сакате дизелски мотор исто така може да одберете од широката понуда на мотори сé до моќниот1.9 TDI со 105 КС и филтер за честички
|