Кога ја дизајниравме новата SEAT Ibiza сакавме автомобил што ќе
донесе свежина и уживање од секој агол.
Како и да го погледнете – Никогаш нема да
ви биде здодевно

Новодизајнираниот надворешен излгед се одликува со динамични линии што оддаваат драматичен изглед и даваат пожелна нота на новата SEAT Ibiza. Секој детаљ, секоја исцртана линија се креирани со причина. Ова не е само автомобил, туку и уметничко дело во своја смисла.
Можете да забележите дека обликот е формиран од прецизни линии што се истакнуваат почнувајќи од новата предна хромирана SEAT решетка, се преплетуваат преку предницата и се издолжуваат по страниците на возилото, оцртувајќи ја формата на возилото се до задниот дел. Погледнете ги само линиите почнувајќи од новите предни светла преку страниците. За момент можете да видите автомобил каде што дизајнерот не правел компромис со неговите оригинални идеи, моделот е креиран во вид на стрела. Чиста динамика. Сигурен став. Силен персоналитет. Дозволете му да ве придвижи.

Како рековте? Да, добро слушнавте. Притискањето, вртењето, повлекувањето на секое копче, менувач и рачка кај новата SEAT Ibiza има посебен звук и рафинирана сензација на допир, внимателно создадени да го направи вашето возење многу попријатно. Можеби досега забележавте дека совршенството е обврзно до последното копче.
(*) Хептички инженеринг е наука на применета тактилна сензација (чувството што го добивате при допир на секое копче) и контрола во интеракција со механички, електронски и компјутерски апликации..
|