
|  | Новиот SEAT Ecomotuive  |
 |
 |
Ние се посветивме да создадемо еколошки
и најефикасен мотор досега.
Новиот SEAT Ecomotive доаѓа со еден од најефикасните и
иновативни мотopи од гамата на SEAT, 19TDi 105ks. Ова чудо на
инжинерингот се здоби со понатамошни усовршувања на системот за
електронска контрола на моторот, оптимизирајќи ја централната
контролана единица и адаптирајќи го преносниот однос на
менувачот, што резултира со редуцирање на емисијата на CO2 од
вообичаените 135g/km во 119g/km.
|
 |
|
 |
 |
 |
 |
.Намалената емисија на CO2 парцијано e
резултат на изменетиот преносен однос. Како и да е, со
вградувањето на PDF (Дизел филтер за цврсти честички), кој има
функција да ги филтрира излезните честички од чадот што ги
создава дизел моторот и да ги заштити сите живи организми во
околината, кои ќе се концентрираат во атмосферата привлекувјќи
други штетни елементи. PDF филтерот е стадардно вграден, што
значи дека сите штетни елементи ќе ги задржи на сигурно.
Околу 0,3% издуваните гасови на дизел моторите се (јаглерод
моноксид, сулфур диоксиод, азотна киселина како и чад.
Благодарение на електронската контрола на моторот, филтерот е
констано активен и под контрола за да ги елиминира овие
елементи. Лаички кажано, DPF филтерот нема потреба од одржување
за целиот период на животот на автомобилот, т.е чиста
атмосфера... и чиста совест.
Инженерите на SEAT ги подесија и преносните односи на менувачот
со што ги направија за 8,2% подолги. Преносниот однос на првата
и втората брзина е ист како и порано додека трета, четвртата и
петта брзина се продолжени, редуцирајќи ја емисијата на CO2 за
околу 7g/km.
Ние исто така ја редуциравме тежината, што е подвиг за автомобил
со врвно ниво за безбедност и комфор. Олеснет на само 1.320 kg
од предходните 1.405 kg. За да направиме поефикасен и еколошки
автомобил, применивме пневматици со помал отпор, со можност за
вградување 195/65 R15 или 205/55 R16.
Но сепак SEAT како SEAT, не сме спремни да направиме компромис
кога се во прашање перформансите на моторот, со вртежен момент
од 250Nm при 1900vrt/min, 1,9TDi сеуште постигнува одлично
забрзување (0-100 km/h за 10,9 sec), и постигнува максимална
брзина од 186 km/h.
Покрај сето ова, со овој ултра ефикасен мотор можете да изминете
100km со само 3,9l гориво, што ви дозволува да изминете скоро
1.500 km со еден резевоар гориво.
Ни само го продолжуваме лимитот. Новиот SEAT Leon Ecomotive:
автомобил кој сигурно ќе ве импресионира а ќе ја заштити и
околината.
Ја намаливме емисијата...не емоциите

|
 |
|
|
|