ДОМА ЗА НАС SEAT-гени НОВОСТИ КОНТАКТ СЕРВИС
 
   
 
 
 
 
 
Контролиран интензитет
Како и Altea FR и Ibiza FR, Leon FR исто така е конструиран како би се споил совршено со патот. Подвижната шасија на SEAT осигурува дека и најмалото движење на управувачот веднаш да се реализира и пренесе. Резултат на тоа е подобрата интеракција помеѓу возачот и автомобилот.

Сметајчи дека возењето е тесно поврзано со предвидувањето, FR серијата се потпира на интелигентни системи кои се базираат на рефлексите. Електромеханичкиот серво-управувач (EPS) ги отчитува вашите импулси како според потреба би ја променил насоката додека електронскиот програм за стабилизација (ESP) го надгледува однесувањето и насоката на тркалата и ги извршува автоматските прилагодувања. Напредниот антиблокирачки систем (ABS) е дополнителна сигурност во текот на возењето така што се „чуствува“ движењето во клучните ситуации како би се постигнало ефективно кочење. Чуствувајте се посигурно со опционалните Bi-Xenon предни светла со  AFS* состав (прилагодлив состем на предни главни светла*) кои ја зголемуваат видливоста како и осветлувањето на патот во кривините. Потребен ви е дополнителен изговор да ги поттикнете своите сетила? Седите на него. Автомобилите од FR серијата го отелотворуваат натпреварувачкиот дух со фино наместената спуштена спортска амортизација за комфорно и „мускулесто“ возење со динамички реакции.

*само Altea FR i Leon FR
Дома | За нас | SEAT-гени | Земји | Новости | Контакт