Знаците се насекаде
Со своите елегантни аеродинамични линии, високите бочни линии и спуштената шасија Leon FR го презентира своето "мускулесто тело". Линиите се “дотерани” до совршенство и надополнети со браниците во боја на автомобилот и надворешните ретровизори во сребрена боја. 17" алуминиумски бандажи ја истакнуваат дефинираноста на каросеријата како и 70 mm полираниот двоен завршеток на издувната цевка. Leon FR остава подеднакво добар впечаток ако однапред така и однадвор.
Предадете му се
Повеќе ни е мила помислата дека ќе се стопите со Leon FR, отколку само да влезете во автомобилот. Откако сте седнале и со рацете цврсто сте го фатиле воланот на управувачот пресвлечено со перфорирана кожа ќе почуствувате како спортските седишта цврсто го прифаќаат вашето тело. Се подразбира, ексклузивните FR навлаки имаат извезени FR букви. А со белите покажувачи на инструменталната табла и рачката на менувачот со FR беџ и метален прстен, тоа посебно FR чуство секогаш е блиску.
|