Дали возачот е тој што ќе внесе авантуристички дух во автомобилот или обратно?
Ние во SEAT веруваме дека автомобилот не би требало да го придвижува возачот само на еден начин. Поради таа причина Ibiza FR е преполна со дух кој ве заразува, од 17” алуминиумските бандажи па се до кровот.
Таа е машина која е конструирана да го запали возачот уште пред да го придвижи. Со други зборови, се погриживме крвта побрзо да ви тече низ вените и пред да почнете да се движите низ патиштата.
Неодолива сила
Кога автомобилот е во движење законите на физиката кажуваат дека воздухот се преместува и е присилен да се лизга преку и околу контурите на самиот автомобил.
Ние кажуваме: „Блазеси му на воздухот“. Неодоливата опрема на Ibiza FR сега вклучува и нови предни светла за магла, полирана решетка на ладилникот, сребрена (ел. Подесувачки) надворешни ретровизори, заден спојлер во боја на автомобилот и полиран двоен завршеток на издувната цевка. Некои елементи на природата навистина се повластени!
Не влегувате вие во Ibiza FR, таа влегува во вас
Од моментот кога ќе се наместите во спортските седишта која како да ве „обземаат“, Ibiza FR силно ве држи во својата „прегратка“. Возачкото седиште се подесува по висина, како и потпирачите за главата (предните исто така се придвижливи за совршено наместување): Се подрабира дека новиот волан за управување се подесува, и како и рачката на менувачот е пресвлечено со кожа.
Стрелките во инструменталната табла исто така се зафатени со FR третман и обоени во бела боја – ако слушнете повнимателно ќе чуете како бројачот на вртежи го „изговара“ вашето име
|