ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 

 


 
 
       

Заокружувајќи ја целосната понуда на SEAT возила во Македонија, импортерот Т.Д. КА – ДИС на 01.04.1998 година, го отвори Сервисниот Центар, со цел да се овозможи квалитетно одржување на истите.

Во Сервисниот Центар одлично функционираат два одделни оддели – Механичарски оддел и Оддел за каросерија и боење. Сервисниот Центар во моментот има 20 вработени кои постојано се усовршуваат и се обучени за квалитетно и навремено извршување на сервисната услуга.

Сервисот е проектиран и опремен по сите најнови светски стандарди. Новите техничко – технолошки достигнувања во конструирањето и изработката на возилата со себе повлекуваат и неопходно користење на специјализиран алат за одржување на истите. За таа цел Сервисниот Центар е опремен со комплетен специјален алат за возилата од програмата на реномираниот шпански производител SEAT.
 

   

Тука би ги истакнале дијагностичките уреди за испитување на комплетна електроника на возилата VAG 1551 и VAS 5051 без чија употреба е незамисливо сервисирање на софистицираните електронски системи.

Т.Д. КА – ДИС, како импортер кој се стреми да обезбеди висок квалитет на своите услуги го обезбеди дијагностичкиот уред VAS 5051, единствен од овој вид во државата. Дијагностичкиот уред, моментно е најсовремениот апарат за дијагностицирање и сервисирање на новата генерација на возилата од групацијата Volkswagen. Сервисот е опремен и со 4 хидраулично – пневматски дигалки за автомобили и помошни хидраулични дигалки од италијанскиот производител на сервисна опрема RAV и апарат за ласерско подесување на геометријата на подвозјето Hofmann 330. За нивната, како и за работата на пневматскиот алат, во сервисот е инсталирана пневматска мрежа, со која се доведува компримиран воздух.

Од техничките постројки се кои е опремен Сервисниот Центар КА – ДИС, би го истакнале дијагностичкиот уред VAS 5051, кој претставува последно техничко – технолошко достигнување во доменот на компјутерската дијагностика и без кој не е возможно сервисирање на возилата од групацијата Volkswagen.

Овој дијагностички уред има можност брзо и прецизно дијагностицирање на електронските дефекти на возилото. Истиот е и со дигитален осцилоскоп како и сите потребни мерни инструменти неопходни за дијагностицирање на електронските дефекти. Центарот е опремен и со специјални уреди за испитување на инсталацијата на моторната електроника како и уред за испитување на инсталацијата на ABS системот против блокирање на тркалата при сопирање.
Сервисниот Центар е опремен и со дигитален уред за мерење на компресија со кој прецизно се oдредува состојбата во која се наоѓа моторот. Тука се и мерачот за притисок на масло во системот за управување како и мерачот за притисок на масло во моторот. Сервисниот Центар е опремен и со комплетен специјален алат меѓу кои би се издвоиле сетот со специјални алати за поправка на менувачот.

Сервисирање на моделите на SEAT во кои се вградени последните техничко – технолошки достигнувања е незамисливо и без користење на стручна литература. Сервисниот Центар КА – ДИС е опремен со комплетна сервисна литература за сите модели од програмата на SEAT.
Сервисниот Центар КА – ДИС е снабден и со сметачки машини кои се дел од глабалниот информативен систем на претпријатието. Со нивна помош се изготвуваат брзо и квалитетно потребните обрасци за извршената услуга и вградените делови.

Истите се користат и за следење на одржувањето на возилото од самото негово купување, како и евиденција на коминтентите кои се корисници на нашите услуги.
Тековното одржување на возилата е незамисливо без користење на резервни делови. За таа цел во состав на Сервисниот Центер работи одлично снабден магацин – продавница со оригинални резервни делови за кои истиот дава гаранција, сите видови на масла, како и сите потребни течности.

 

 

Сервисот за каросерија и боење е дел од сервисниот ценатр на КА-ДИС што одлично функционира според високите стандарди на SEAT.За достиванување на највисок квалитет на изработка, на површина од 600м2 располагаме сонајонивот модел на машина за извлекување на типот CAR-O-LINER MARK 6 за прецизно поправање и прилагодување на возилото по поголеми удари односно деформитети на каросесријата. Додека пак, пункт на апаратот на TECNA слуши за извлекување на помалите деформитети на возилото.

Сервисниот центар е опремен и со две предкомори BLOWTHERM со зона односно фаза на подготовка за процесот на фарбање. Овие предкомори, всушност се простории кадешто се одржуваат беспрекорни услови според совцремени стандарди за подготовка на возилата. Со помош на BLOWTHERM комората за бојадисување на возилата е специјално дизајнирана за фарбање со новите еколошки бои и лакови, според најсовремена технологија. Со својот беспрекорен квалитет овозможуваат крајниот резултат да биде еднаков на оригиналниот изглед на возилото.

Бојата за фарбање на возилата се нијансира и подготвува компјутерски во MIXING BOX со соодветни филтри за вентилација. Нашиот сервис се грижи за околината користејќи еколошки бои и репаративни техннологии во автомобилската индустрија.
 

   

Со цел да се обезбеди висок квалитет на извршената услуга, а воедно следејќи ги најновите техничко – технолошки достигнувања на производителот во Сервисниот Центар КА – ДИС работи соодветно високо стручно образуван кадар. Вработените своите знаења ги збогатуваат со редовно посетување на стручните курсеви кои ги организира производителот и импортерот. На истите, вработените се запознаваат со новите електронски склопови, мотори и сите други новости содржани во новите возила.
 

   

Во составот на Сервисниот центар работи продавница од 300 м2 снабдена со оригинални SEAT резервни делови, оригинална дополнителна опрема за кои SEAT дава гаранција во траење од 24 месеци. Покрај ова, продавницата е снабдена со сите видови на масла, течности како и пневматици одд повеќ бреднови за возилата од гамата на SEAT.

 

   

Нашата фирма нуди целосно одржување на вашиот постоечки возен парк во Сервисниот Центар КА – ДИС.

 

   

Возилата SEAT се изработени по најновите техничко – технолошки достигнувања така што производителот ја обезбедува следнава гаранција:

- 3 години гаранција на дефекти настанати по вина на производителот
- 6 години гаранција на лакот на каросеријата
- 12 години гаранција на каросеријата против корозија

Со цел подобрување на квалитетот на услугата, возилата на нашите редовни коминтенти со поголем возен парк, КА – ДИС нуди одговор во кој ќе се договорат следните погодности:

1. Прифаќање на возилата во Сервисниот Центар КА – ДИС со приоритет во однос на другите
2. Возило за користење, со кое коминтентот може да ги извршува секојдневните обврски за време на сервисирањето на возилото
3. 24 часовна помош, 7 дена во неделата во државата и во земјите на блиското соседство
4. при промена на SEAT возилата за нови SEAT возила, ви нудиме откуп на старите SEAT возила