ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    PRESS    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 

Име на компанијата: Т.Д. КА – ДИС д.о.о.
Сопственици на компанијата: Златко Калеников, Зоран Калеников и Кирил Калеников
Година на основање: 1990
Дејност: Продажба на големо и мало на моторни возила од шпанскиот бренд SEAT.
Број на вработени: 45
Опис на фирмата:

Структура



Кликни за висока резолуција

КА – ДИС е ексклузивен увозник на возилата од шпанскиот производител SEAT во Р. Македонија.

Со цел квалитетно и професионално исполнување на услугите, фирмата ги вклучува следните оддленија: Продажба, Пост продажба, Оддел за финансии, Маркетинг, Односи со јавност & Комуникации, Транспорт, Сервис и одржување на возила и Внатрешно одржување.

Секој оддел се одликува со своја ефикасност и брзина на одговор на поставените задачи, што за клиентите подразбира квалитетна услуга.

За да се одржи високото ниво на професионалност, како и следење на сите современи трендови на менаџирање, компанијата постојано инвестира во континуирана едукција на своите вработени, што се остварува во соработка со фабриката SEAT.
Во текот на годината, SEAT фабриката е домаќин на разни семинари и конференции, чија основна задача е споделување на искуствата.

За одделот на продажба, сервис и одржувањето, неколкупати годишно се изведуваат обуки, на кои вработените се остручуваат и запознаваат со сите светски новитети од областа на автомобилската индустрија.

Сите одделенија се опремени со компјутерска техника и електронски помагала, а освен тоа, фирмата е директно поврзана со фабриката, преку посебна електронска мрежа, преку која се одвива комуникацијата во однос на производството и испораката на возилата.

Компанијата КА-ДИС обрнува особено внимание за активното учество во локалната заедница. Во таа насока, компанијата поддржува голем број проекти од областа на културата, спортот и уметноста, споделувајќи ги убавите моменти со останатите членови на заедницата.

Своите промотивни активности ги поврзува со случувања од областа на културата, како што се уметнички изложби и балетски претстави, од областа на спортот, одбојката и планинско рели на велосипеди, модни ревии, разни забавни радио и ТВ емисии и изведби на познати музичари и глумци.

Сместен на улицата “Скупи б.б.” под хидрометеоролошкиот завод новиот СЕАТ центар е комплексен деловен објект наменски дизајниран со единствена цел – да им обезбеди комплетна професионална грижа на сите купувачи на СЕАТ.
Изгледот на Новиот СЕАТ Авто Центар, е особено впечатлив, архитектура која е единствена од ваков тип не само во нашава земја туку и во регионот, но во истовреме и најголем центар на Балканот.

Дизајнот е изработен во согласност со стандардите на СЕАТ, чии Авто Центри се идентични во целиот свет.

Вкупната површина на центарот изнесува 3800 м2, во кој е сместен изложбениот салон на возила 600 м2, административниот дел 750 м2, магацин за резервни делови 200 м2, сервис 600 м2 и лимариска работилница 450м2, опремени со последна технологија на уреди и инструменти како и подземен магацин на нови возила од 1200 м2.

Особено важно е да се каже дека главен акцент на целиот објект е ставен на неговата функционалност и практичност, што доаѓа во комбинација со високо професионално обучениот кадар, чиј вкупен број изнесува 45.