ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    PRESS    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 




     
WTCC - 14.01.2009
Mакао - 26.11.2009
Mакао - 23.11.2009
Mакао - 18.11.2009
Окуама - 02.11.2009
Јапонија - 28.10.2009
Јапонијa - 28.10.2009
Италија - 22.09.2009
Италијa - 22.09.2009
Италија - 17.09.2009
Германијa - 07.09.2009
Порто - 02.07.2009
Германија - 07.09.2009
Имола - 07.09.2009
Порто - 20.07.2009
Брандс - 20.07.2009
Брандс - 15.07.2009
Португалија - 06.07.2009
Валенсија - 01.06.2009
Португалија - 12.06.2009
Валенсија - 29.05.2009
Портo - 18.05.2009
Пау - 15.05.2009
Мароко - 04.05.2009
Брно - 02.05.2009
Германија
Чешка
 


ПО ОСВОЕНИТЕ ДВЕ ТИТУЛИ ВО ШАМПИОНАТОТ НА ТУРИСТИЧКИ АВТОМОБИЛИ
SEAT се ориентира кон нови активности

Press, 14.01.2010

Откако по втор пат ги освои двете титули од Шампионатот на туристички автомобили (WTCC), SEAT има нови цели и активности кои ги постави за постигнување во 2010 година. Шпанскиот бренд повеќе нема да се натпреварува со неговиот официјален тим за време на WTCC трките. Тимот на SEAT Sport ќе се фокусира во останатите спортови и во различни шампиопнати започнувајќи од класата на “независни возачи“ во WTCC шампионатот како и во други национални шампионати. Најголем акцент ќе се стави на следните шампионати - SEAT León Eurocup и Supercopa SEAT León кој треба да се организира и да се одржи во неколку држави во текот на 2010 година.

Со ова стратешка промена SEAT успешно заминува од спортската сцена, но сепак продолжува да се занимава со други спортски активности имајќи нови предизвици за остварување во областа на спортот. Во овој период шпанскит автомобил има победено на триесет трки и освоено две WTCC титули. SEAT не само што ги има освоено најголеми успеси во автомобилските трки во 2008 и 2009 година, истотака SEAT е првиот автомобилски бренд кој има освоено шампионска титула со дизел мотор. Ова стана возможно благодарение на моделот León TDI WTCC кој беше дизајниран и равиен во Марторел.

Од сега SEAT Sport ќе го дава својот максимум во поддржување на сите возачи кои ќе се одлучат за León TDI WTCC, моделот León FSI WTCC со бензин мотор или моделот León Supercopa/Eurocup кој е дел од различни шампионати. Техничкиот развој кој го обезбедува SEAT Sport ќе им овозможи на сите возачи да се борат за нови победи и за нови титули.

Џејмс Пуиг, Директор на SEAT Sport: “Откако нашиот тим ги освои сите големи успеси во WTCC шампионатот, сега е на ред да се фокусираме и да ги дадеме сите наши напори да им помогнеме на сите возачи кои ќе бидат дел од различни шампионати, како што се WTCC, Eurocup или Supercopa SEAT León, со што ова ќе биде нашиот нов поттик за ова година. Ние секогаш ќе се бориме да победи SEAT кога ќе биде дел од патеката поради што тимот на SEAT Sport ќе ја обезбеди техничката поддршка за сите возачи кои ќе се одлучат да возат модел на SEAT”.

Доминик Хобер, Директор во секторот за комуникација во SEAT: “SEAT ќе остане присутен во автомобилските спортови во текот на 2010 година со тим кој ќе биде составен од високо професионални лица на кои сме горди. Присуството на нашите автомобили во различни шампионати во голем број на држави всушност ќе значи продолжување на напорите за да се подигне и да се задржи имиџот на брендот“.
     


 

 
s