ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 

 Работно време

Приемното оделение на Сервисниот центар со продолженото работно време од 8.00 до 18.00 часот подготвено е да ги услужи своите клиенти на високо професионално ниво според стандардите на SEAT. Одличната кадровска екипираност е гаранција за успешно задоволување на барањата на нашите корисници.


 

 
 Стручен кадар

Нашиот кадар е постојано усовршуван, обучуван за работа на возилата од гамата на SEAT на професионалните курсеви кои се одржуваат од специјално обучени тренери во SEAT Центарот и на редовните курсеви во техничкиот SEAT тренинг центар во Марторел (Шпанија).

Сервисот за каросерија и боење е дел од сервисниот центар на Т.Д. КА - ДИС што одлично опремен функционира според високите стандарди на SEAT.



 
 Опремa

Новите техничко-технолошки достигнувања во конструирањето и изработката на возилата со себе повлекуваат и неопходно користење на специјален алат, електронски дијагностички уреди и соодветна техничка литература за одржување на истите.

СЕРВИСНИОТ ЦЕНТАР е опремен со комплетен специјален алат за возилата од програмата на реномираниот шпански производител SEAT и најновите електронски дијагностички уреди.

Дијагностичките уреди за испитување на комплетната електроника на возилото VAG 1551, VAS 5051 и VAS 5052 без чија употреба е незамисливо сервисирање на софистицираните електронски системи.

Дијагностичкиот уред VAS 5052 моментално е најсовремениот апарат за дијагностицирање што ни овозможува брзо и прецизно дијагностицирање на електронските дефекти на возилото.

Сервисниот центар е опремен со дијагностички уреди за сервисирање на клима уредите на возилата на SEAT.

 

 
 

 HOFMANN 330 е софистициран апарат кој овозможува максимална прецизност во ласерското мерење и прилагодување на геометријата на подвозјето.

 Новата опрема за демонтажа, монтажа и балансирање на пневматици ја заокружува комплетната понуда на услуги од сервисниот центар на SEAT.

Сервисниот центар КА-ДИС е снабден со компјутери кои се дел од глобалниот иформативен систем на претпријатието. Со нивна помош се изготвуваат брзо и квалитетно потребните формулари за извршената услуга, вградените делови и се врачуваат на корисникот.

Истите се користат и за следење на одржувањето на возилото од самото негово купување при што за секое возило се води историја на извршените сервисирања.