ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    PRESS    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 

 
   

 

Дизајн, младост и спортски дух се основните вредности што ја дефинираат SEAT S.A. – шпанска компанија во сопственост на Volkswagen групацијата, којашто создава и произведува возила во Шпанија од 1950 година и е присутна во повеќе од 70 земји ширум светот.

  Цел? Да се направи спој на шпанската страст и германската технологија за да се создаде квалитетен автомобил.
 
 
  SEAT auto emoción во фотографии и музика.

 

 
 


Во моментов SEAT има повеќе од 11.000 вработени и годишно се продаваат во просек 400.000 автомобили. SEAT е дел од германската Volkswagen групација. И покрај фактот дека е SEAT еден од најмладите европски автомобилски брендови, со помош на нашата филозофија, тимскиот дух, ресурсите, како и искуството, ние сме еден од позначајните брендови што се карактеризираат со квалитетни автомобили. Резултат? Нов начин на работа, заснован на нашето специјализирано искуство. Цел? Со помош на спојот на шпанската страст и германската технологија, создадовме совршени автомобили.

 

 

Фабриката во Марторел, вистинското срце на компанијата, беше отворена во 1993 година и е една од најмодерните фабрики за производство на автомобили во Европа. Повеќе од 7.000 вработени работат во 13 различни згради, овозможувајќи дневно производство од приближно 2.000 автомобили.

Останува уште да нагласиме дека единствено SEAT во Шпанија се карактеризира со технички центар во којшто се дизајнираат, развиваат, произведуваат и дистрибуираат автомобилите за SEAT дилерите.

Дневно
производство од 2.000 автомобили.





 

 

Во моментот гамата на SEAT вклучува девет модели: новата Ibiza, Altea, Altea XL, Altea Freetrack, Leon, Cordoba, новата Alhambra, Toledo, новото Exeo. Две третини од вкупното производство е наменето за извоз – најголем дел во земјите во Европа или вкупно низ седумдесет земји во светот. Сепак најголем и најлојален потрошувач останува пазарот во Шпанија. Нашата цел е до 2018 година да развиеме 40 квалитетни автомобили и да ја подобриме и зголемиме продажбата во земјите од Источна Европа. Бидете подготвени - бидејќи во моментот кај вашиот дилер на SEAT се наоѓа вашиот автомобил.