ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 

Заборавете на напнатоста. Ние Ви го нудиме вистинското нешто: автомобил на електричен погон со прекрасен изглед и уште подобри возни карактеристики. SEAT IBE концепт автомобилот е иднината со нула – емисии, во спортски и динамичен концепт за урбано возење. Чистите форми, прецизните линии и беспрекорните површини се одраз на постојан и уникатен дизајн, што јасно го носи идентитетот на SEAT во секој аспект на неговата модерност и ја претставува следната генерација на дизајнот во SEAT.

Краток, низок и широк, екстремно низок преден дел и со широки раменици  – на прв поглед, пропорциите на SEAT IBE концепт автомобилот го прикажуваат како класичен спортски автомобил. Сепак, тој ја претставува оваа стилска интерпретација на иновативен и уникатен начин – како компактно возило, оптимизирано за градските улици. Нулата никогаш не изгледала толку добро.

Со неговите прилагодени димензии, неговата агилност и динамика, SEAT IBE концепт автомобилот совршено одговара за градски улици. Дизајниран со 2+2 седишта, тој е создаден за младешки начин на живот. Простран е за двајца, но истовремено нуди капацитет за четворица. Долгата линија на покривот овозможува доволно внатрешен простор за главите, истовремено овозможувајќи простор за багаж или опрема.

Со максимален моќ од 75 kW (102 PS) и 200 Nm вртежен момент, погонската единица обезбедува токму онакво забавно динамично возење, како што навестува и надворешниот стил. Способен да достигне 100 km/h за само 9,4 секунди, овое импресивни перформанси не се само функција на моќните карактеристики на електричниот мотор, туку и на малата тежина на IBE концепт автомобилот, која што изнесува само 1,000 килограми.

Во текот на годините, SEAT стана високо компетентен во областа на технологиите, кои што се добри за животната средина, како што покажа огромниот успех на ECOMOTIVE Гамата. Развојот на SEAT IBE концепт автомобилот ќе го одбележи почетокот на проектот за промоција и развој на електричниот автомобилизам во Шпанија под индустриско водство на SEAT.