Ах, предизвикот на кривините...
Динамичните карактеристики на управување на Новата Ibiza
му носат ново значење на концептот “управување”. Кога
сте зад управувачот почнувате целосно да разбирате и
да ја предвидувате секоја кривина на патот пред вас.
Наречете го тоа нова врска базирана на доверба, интелегенција
и возбуда..
Aктивната
електронска контрола на управувањето константо добива
информации за брзината и површината на патот од Динамилниот
Управувачки Систем со цел интелегентно да го прилагоди
отпорот на управувачот за да обезбеди максимална контрола
и “осет”.
Интелегентен систем кој ги предвидува
движењата на Ibiza во однос на 4 точки: агрегат,
забрзување, управување и сопирачки – обезбедува најбезбедно,
најефективно кочење како и контрола на правецот.
Електронската програма за стабилност констатно ги
надгледува информациите добиени од сензорите на Новата
Ibiza, и по потреба го задржува правецот по пат на
правење прецизни автоматски прилагодувања на правецот
преку пневматиците.
TCS држи се под контрола со тоа што обезбедува пневматиците
да се држат за патот, и кога ќе стиснете на педалата
не само да се вртат и да трошат бесползено сила.
Нашата патентирана SEAT суспензија понатамошно го
дефинира вашето возење, со тоа што се осеќате под
контрола и возбудено. Задната суспензија е одвоена
од спиралите, зголемувајки ја стабилноста, придружувана
од “тивки блокирања” со цел да се даде подобар севкупен
динамичен одговор. Предната суспензија е базирана
на McPherson систем со пониски триаголници кои не
се споени директно со шасијата.