ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 


СТАРТ

Leon Style е опремен со точно сè што ќе се совпадне со вашата перцепција за стил: Од Дво-зонски Климатроник – овозможувајќи ви вам и на вашиот сопатник напред да уживате во одделната температура, совршена за возење – до патен компјутер и темпомат. Од новите комбинирани USB/Aux-in конектори (CUP) што ви овозможуваат потполна контрола на вашите MP3-записи од вашиот USB уред или iPod® преку мултифункционалниот управувач, до надворешните ретровизори, рачките на вратите во боја на каросеријата и елегантните 16” Enea фелни од алуминиумска легура.

Низа елементи на безбедносна технологија коишто го прават овој автомобил најсмел избор за секоја ситуација: Од Систем против блокирање на кочниците (ABS), до Асистенција при нагло сопирање (EBA) и опционалната Електронска програма за стабилност (ESP). Од 6 воздушни перничиња - 4 напред и 2 одзади – до задни сигурносни ремени со три точки на прицврстување. Од ISOFIX подготовка во задната клупа, до потсетник за сигурносен ремен за возач и совозач. Да не ги заборавиме активната функција на потпирачот за глава којашто е опционална, како и индикаторот за притискот во пневматиците. Сè е тука за да биде вашето возење најбезбедно од сè што досега сте доживеале.

Да ги додадеме на списокот и комплетот од странични ретровизори со грејачи и паркинг позиција, опционален електричен сончев покрив, лумбално приспособување на предните седишта, радио CD MP3 со 6 звучници и Aux-in, како и управувачот со три краци и рачката на менувачот обложени со кожа – сето ова содржано во новиот ентериерен концепт во сива боја.

Style – нешто со коешто Leon е роден.

Бензински мотори:





Дизел мотори: