ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 

СТАРТ

Leon Sport вклучува низа елементи на стандардна опрема што ќе ве остават без здив и што ќе ве одведат директно во најбрзата лента: Од спортска суспензија до двозонски климатроник- овозможувајќи ви вам и на вашиот сопатник да уживате во одделната температура, совршена за возење. Од патен компјутер до темпомат. Од новите комбинирани USB/Aux-in Конектори (CUP) што ви овозможуваат потполна контрола на вашите MP3-записи на вашиот USB уред или iPod® преку мултифункционалниот управувач до надворешните ретровизори и рачките на вратите во боја на каросеријата. Потоа тука се и 17” Aroa фелни од алуминиумска легура, ергономски обликуваните спортски седишта, обложени со нов специфичен текстил, нова украсна маска, редизајнирани предни отвори на одбојникот и темно зелени тонирани стакла.

Низа елементи на безбедносна технологија коишто го прават овој автомобил најсмел избор за секоја ситуација: Од Систем против блокирање на кочниците (ABS), до Асистенција при нагло сопирање (EBA) и опционалната Електронска програма за стабилност (ESP). Од 6 воздушни перничиња - 4 напред и 2 одзади – до задни сигурносни ремени со три точки на зацврстување. Од ISOFIX подготовка во задната клупа, до потсетник за сигурносен ремен за возач и совозач. Да не ги заборавиме активната функција на потпирачот за глава којашто е опционална, како и индикаторот за притискот во пневматиците. Сè е тука за да биде вашето возење најбезбедно од сè што досега сте доживеале.

Да ги додадеме на списокот комплетот од странични ретровизори со грејачи и паркинг позиција, предните и задните електрични стакла, опционален електричен сончев покрив, лумбалното приспособување на предните седишта, CD MP3 радиото со 6 звучници и Aux-in, како и управувачот со три краци и рачката на менувачот обложени со кожа – сето ова содржано во новиот ентериерен концепт во сива боја.

Подгответе се да гледате во него.

Бензински мотори:





Дизел мотори: