ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 


СТАРТ
 

ННовиот Leon е автомобил што поседува врвен кредибилитет, но доволно е само еднаш да го притиснете педалот за зaбрзување и ќе бидете лансирани во нова сфера на технологија и перформанси, а ќе знаете дека сите останати ќе зборуваат за тоа. Беспрекорен спортски карактер, соединет со чиста моќ и напредна автомобилска технологија. Не остава простор за прашања.

Всушност, тој е одговор на сè она што го бара патот.

 
 
 

За момент погледнете ги новите детали на веќе потврдениот атлетски ентериер на новиот Leon. Предниот одбојник, предните светла и украсната маска се редизајнирани за да му дадат на автомобилот уште повпечатив изглед. Страничните ретровизори исто така се нови, додека задниот дел го краси ново извајаниот заден одбојник, светла и поширокото задно ветробранско стакло. Но и ентериерот не е запоставен. Изборот на материјали и бои на ентериерот е најголем досега. Централната конзола и инструментите се редизајнирани, вклучувајќи технологија со црна позадина, додека ново дизајнираните управувач и рачка на менувачот ќе се погрижат да ви го одземат вниманието.

При мануелна контрола, новиот 7-степен Менувач со директна промена (DSG) – достапен со моторот 1.8TSI 160КС – ќе ви дозволи да се натпреварувате со степените на пренос со помош на команди за менување поставени на управувачот. При автоматска контрола, препуштете му нему да го одбере вистинскиот момент за да го промени степенот на пренос, оптимизирајќи ги перформансите и потрошувачката на гориво. Забрзувањето е континуирано и динамично, истовремено. Најреално колку што вештачката интелигенција може да биде.

Технологијата на новиот Leon го прави побрз и поелегантен – но и ве спречува да прашувате за насоки благодарение на новиот систем за навигација. Во централната конзола вграден е 5” екран во боја, и мапи со висок квалитет и прецизни акустични препораки до кои имате едноставен пристап преку екранот со допир или преку мултифункционалниот управувач. Динамичното водење дури ги употребува и информациите од моменталната состојба во сообраќајот за да ги обнови препораките. Треба да стигнете некаде брзо?

 
 

Наше мислење е дека технологијата треба да ви го направи животот полесен. А што би можело да биде попрактично од дополнителен пар очи при паралелно паркирање? Со новата Контрола на растојанието при паркирање (PDC), дискретно интегрираните сензори во предниот и задниот одбојник го предупредуваат возачот ако се доближи до препрека. Во меѓувреме, Оптичкиот систем за паркирање (OPS) – опционално во Style, Sport и FR моделите - визуелно ви го претставуваат растојанието на екранот од уредот за навигација. Да не ги заборавиме новите комбинирани USB/Aux-in приклучоци (CUP), коишто ви овозможуваат потполна контрола на на вашите MP3-записи од вашиот USB уред или iPod®, преку мултифункционалниот управувач. Ќе се запрашате како досега сте можеле без нив.
 

Во новиот LEON на располагање е голем опсег на безбедносни уреди, како Bi-Xenon предни светла со функција на дневно светло и Адаптивен систем за осветлување (AFS), со помош на којшто светлата го следат движењето на управувачот, осветлувајќи го патотот пред да завртите. Светлата за магла со функција на аголно придвижување го осветлуваат патот уште повеќе. Задните воздушни перници за градниот кош се уредно поставени во потпирачот од задната клупа, зголемувајќи ја безбедноста на патниците што седат одзади. Исто така ESP (Електронска програма за стабилност) ги контролира информациите добиени од управувачот, тркалата, кочниците и педалот за зaбрзување, и прават приспособување за да ве задржат во совршен лак. Во меѓувреме ABS (Систем против блокирање на кочниците) ги спречува тркалата од пролизгување при сопирање но и при тргнување, без оглед на условите на патот. Плус, Асистенција при нагло сопирање (EBA) реагира на ненадејно сопирање, аплицирајќи максимална моќ на притисок врз кочниците со минимален напор, во милисекунди.