ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 

СТАРТ

За сите оние што копнеат за малку повеќе зачин во својот сос и перформанси во најчиста форма, новиот Leon тргнува од веќе прогресивно дизајниран автомобил, и го лансира во ексклузивност. Со неколку моќни и ефикасни мотори што можете да ги одберете: 211кс, 6-степен мануелен менувач или DSG и 170кс TDI Common Rail дизел со 6-степен мануелен менувач. Влезете во остар свиок, веднаш ќе ја почувствувате разликата што ја прави технологијата.

Подготвен е со ултра новиот XDS – достапен исклучиво во овој модел на новиот Leon - напреден систем за контрола на тракцијата поврзан со нашиот Електронски систем за стабилност (ESP), овозможувајќи подеднаков притисок врз секое тркало, за да го максимализира контактот со патот и да ја зголеми респонзивноста на реакцијата во свиоците. Одосно, тркалата на Leon FR можат да се вртат со различна брзина кога е тоа потребно, а ќе ве задржат на патот во динамичен стил.


 

Однадвор и однатре, Leon FR е автомобил со личен стил: Поседува прецизно приспособена спортска суспензија, 17” Albea фелни од алуминиумска легура, нов преден одбојник во боја на каросеријата, двојна хромирана издувна цевка, управувач со три краци и рачка на менувач обложени со кожа и со FR лого. Потоа тука е новата инструмент табла со нов дизајн и бела позадина и ново радио CD MP3 со команди на управувачот, 8 звучници и комбинирани USB/Aux-in Конектори (CUP).

Возете го. А потоа возете го уште повеќе.

Потребен ви е уште поспортски стил? Тогаш земете го во предвид ексклузивниот Leon Linea R дизајн пакет: Достапен исклучиво во верзиите Leon FR и Leon Sport, тој ќе го катапултира тркачот во вас во светот на премиер лигата на спортскиот изглед. Но, внимателно – еднаш кога ќе влезете во Leon Linea R, работите најверојатно никогаш повеќе нема да бидат исти ... повторно.