ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 

СТАРТ

Однатре кон надвор, новиот Leon FR е свој автомобил, што го комбинира елегантниот изглед со моќниот тркачки дух како никој друг.

Од детално приспособената спортска суспензија до софистицираните 17 "алуминиумски фелни Albea. Од редизајнираниот преден одбојник во боја на каросеријата, до карактеристичните хромирани двојни издувни цевки. Од фината кожа со која се обложени рачката на менувачот и трокракиот управувач со FR лого, до ергономските спортски седишта со ексклузивен FR тапацир и лого.

Да не ги заборавиме и инструмент таблата со нов дизајн и бела основа на мерните инструменти и новото радио CD со МР3 со контроли на управувачот, 8 звучници и комбинирана USB / Aux-in- конекција (CUP).

Најсофистициран начин да ги искомбинирате стилскиот комфор и тркачките амбиции.